Ернесто Валверде беше шест години играч на Атлетик Билбао за кој има одиграно 170 натпревари, а тренерскиот занает го започна токму во младинскиот сектор на баскијскиот тим.
Валверде доби шанса да биде помошник, а потоа и прв тренер на Билбао. Се прошета во неколку шпански клубови Еспањол, Виљареал и Валенсија, но најголемиот успех го постигна со Олимпијакос каде освои три шампионски титули и два купа.
Од оваа сезона тој повторно се врати во Баскија, а тоа е негов трет кам бек во тимот со кој најмногу е поврзан. Шпанецот на меѓународна сцена успеа да стигне до финале со Еспањол во Лигата на Европа кое го загуби од Севиља, но оваа сезона зад себе има извонредна сезона и пласман кој води во квалификациите во Лигата на шампионите.
Но тоа што го издвојува 50 годишниот стратег е што има две професии. Додека Ернесто настапувал за тимот на Еспањол, истовремено го посетувал и Институтот за фотографија во Каталонија.
Тој преферира офанзивен фудбал со формација 4-3-3, а тимот му е составен со таленти кои израснаа во школата на Атлетик. Но своите играчи, освен што ги тренира, ги користи и за сликање, а во неговите изложби место направил и за српскиот напаѓач Дарко Ковачевиќ на кој му беше тренер во Олимпијакос.