Таг: маурицио покетино

Меси одби да се ракува со Покетино поради измената

Почнаа да играат суетите во дрим тимот на ПСЖ, а тоа може да се забележи по реакцијата на Меси кој беше незадоволен што Покетино го извади во второ полувреме на местото на Хакими во 76-та минута.

Како вистинскиот избор на скаутирање го направи Тотенхем финалист во ЛШ

Уште неотрезнети од чудесниот кам бек на Ливерпул против Барса во ЛШ, ден потоа или поточно на 8 мај лани, Спарси го замрзнаа Амстердам на сличен начин. Зад тој успех се крие приказната на четири трансфери за кои раскажува поранешниот нивен скаут, Дејвид Веб.

Фото на денот

Со скор од 159 победи, 62 нерешени и 72 порази, остварени во 5 години, ниту еден трофеј и едно финале во ЛШ, Маурицио Покетино синоќа го отпуштија од Тотенхем. Утринава стигна официјална потврда за неговата замена. Доаѓа Жозе Мурињо кој по разделбата со Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година, остана да живее во Лондон. Стави потпис до 2023-та.

Четири тренери полуфиналисти – нула трофеи

Кој и да го освои сезонава трофејот во Лига на шампиони ќе бидат живи радости за тренерот, бидејќи никој од нив до сега не успеал во тоа, а најблиску бил Јирген Клоп. Последен пат се случило вакво нешто со Порто на Мурињо.

Мегаломанот Пеп vs скромниот Покетино

Марка веќе направи математика колку пари фукнал Гвардиола за засилувања откако ја напуштил Барселона. Со ова темпо уште летово може да стигне до милијарда евра, а нема стигнато до полуфинале во ЛШ, а не па да ја освои.

Колку царски потег на Покетино со измената на Кејн

Тотенхем очекувано мина како на тренинг во 1/32 финалето од ФА Купот и тоа со втор состав, а аргентинскиот стратег одржа лекција по респект и кон противникот и кон навивачите. Стварно џентлменски потег.

Првпат после 15 години еден англиски клуб ни купи ни продаде играч

Тотенхем направи необичен рекорд на трансфер пазарот: за време на летниот преоден рок првпат од 2003 немаа ниту еден трансфер и по тоа се единствени во Премиер.

Ќе те гони како куче, ќе го мразиш но потоа ќе му благодариш

Нема агент, не користи социјални мрежи. 24 часа е опседнат со фудбалот и е спремен до последен момент да се бори за титулата во Премиер лигата каде заостанува само два бода зад лидерот. Маурицио Почетино.

Арсенал или Тотенхем, кој е поблизу до пехарот?

Едни од други ги делат 8 километри или 20 минути со автобус, а на табелата имаат по 51 бод, два помалку од лидерот Лестер. Северен Лондон сега е во ситуација да ѝ се радува на титулата после многу години, ако двете екипи продолжат во овој стил.

Адебајор клати врата и зема плата

Тогоанецот заработил 3,4 милиони фунти од ноември до денес, а не одиграл ниту еден натпревар како стартер. Пет пати влегувал од клупата и дал само два гола сезонава.

Продај го Елвис Присли и купи ги Битлси

Седумте играчи кои Тотенхем ги купи со парите од продажбата на Герет Бејл не го оправдаа вложеното во нив. По слабите резултати на удар е тренерот Маурицио Покетино, а навивачите ги криват претседателот Леви и спортскиот директор Балдини.

Тотенхем играл слабо дома поради тесниот терен

Екипата од северен Лондон сезонава три пати загуби на својот стадион, по што тренерот Покетино мисли дека не е до играта на фудбалерите или до тренерот, туку до теренот.