Меси одби да се ракува со Покетино поради измената

Почнаа да играат суетите во дрим тимот на ПСЖ, а тоа може да се забележи по реакцијата на Меси кој беше незадоволен што Покетино го извади во второ полувреме на местото на Хакими во 76-та минута.

ПСЖ го доби дербито против Лион, без Меси меѓу стрелците на трет натпревар по ред, два во првенство и еден во Лига на шампиони.

Резултатот го отворија гостите преку Пакета во 54-та минута, а 12 минути подоцна Нејмар израмни од пенал.

Момент кој боде очи од средбата е замената во 76-та минута. Покетинот го внесе Хакими, а го извади Меси кој покажа незадоволство и одби да се ракува со својот тренер и сонародник.

Во 82-ра минута Покетино го внесе Икарди место Ди Марија, а тој го реши мечот во 93-та минута. Нејмар и Мбапе го одиграа цел натпревар.

Издвојуваме две прилики во кои Меси не успеа да го постигне деби голот за ПСЖ. Комбинацијата со Нејмар по која голманот едвај му ја фати.

И слободниот удар

Покетино даде изјава за измената на Меси:

„Сите знаат дека имаме одлични играчи во тимот и дека располагаме со 35. Но, мора да носиме одлуки за доброто на тимот. Понекогаш тие помагаат за да имаме позитивен резултат, а понекогаш не. Тоа се одлуки што треба да ги донесеме. Понекогаш им се допаѓа на луѓето, а друг пат не. Го прашав како е, а тој ми одговори дека е добро“.

20 септември 2021 - 07:41