Зошто овој тим не е класичен тим на Тотенхем?
Денешниот Тотенхем не личи на екипа која до крајот може да претендира за титулата, а во решавачкиот момент екипата мистериозно да добие труење од храна и да се откаже.
Спарси не наликуваат на оние губитници чија кул сезона како по обичај на крајот ќе биде задоволена со место кое води во Лига Европа. Ништо чудно во месец мај кога ќе се решава титулата да им се исплатат ризиците и да дојдат во ситуација да спремаат прослава.
Покетино без двоумење може да се спореди со Кеит Буркиншоу. Јоркширецот го презел клубот во тешки години на мамурлак и освоил Куп на УЕФА, два ФА Купа и еден Лига Куп. Аргентинецот се потпира на работа, труд, темелност и локални играчи.
Покетино ја ресетираше свеста на Вајт Харт Лејн, влезе во сите сфери, така што дури и клупските готвачи на негово инсистирање поминале на посебни курсеви за здрава исхрана.
Темелната работа од играчи како Муса Дембеле, Тоби Алдервајрлд, Даер и Деле Али направи фантастични фудбалери во топ форма.
Зошто овој Арсенал не е класичен Арсенал?
Голот на Велбек во '95-та минута сигурно ќе биде прекретница во сезоната за Топџиите, затоа што после многу години ги кршат стереотипите на екипа која не знае да игра win or die натпревари.
Неколку сезони глупаво и празно делуваше нивната борба за титулата која најчесто завршуваше со 4. место кое води во Лигата на шампионите, така што ретко кој памети кога последен пат вака цврсто оделе на патот кон титулата.
Што е тоа што ги измени? Просто, конкуренцијата. Слободниот пад на традиционално најдобрите екипи сезонава не е аномалија, така што одржувањето на стабилноста на Арсенал е значаен успех, прв ваков после 10 години.
Кој има полесен распоред до крајот?
Навидум Арсенал има потежок календар до крајот. Топџиите ги чека следниот викенд дуел од ФА купот дома против Хал, а потоа ја пречекуваат Барселона во ЛШ. Во продолжение Арсенал ќе игра против Јунајтед на гости, Свонси дома, Тотенхем на гости, Вест Бром дома, Евертон на гости, Ватфорд дома, Вест Хем гости, Палас дома, Сандерленд на гости.
Тотенхем во четврток ѝ гостува на Фиорентина во ЛЕ, па го пречекува Кристал Палас во ФА купот. Им следуваат Свонси дома, Вест Хем гости, Арсенал дома, Вила гости, Бурнемут дома, Ливерпул на гости, Јунајтед дома, Стоук гости, Вест Бром дома.
Со оглед на тоа што Арсенал во моментов делува како плен за Барселона, Топџиите немаат баш многу шанси да останат во Европа. Во случајот на Тотенхем сè е можно, затоа што Почетино најави дека ќе игра со сите сили во Лига Европа.
Кој има подолга клупа?
Играчите на Тотенхем вкупно пропуштија 75 меча поради повреди, а на Арсенал - 128. Но Тотенхем барем на хартија нема алтернатива за Хари Кејн, напаѓачот кој е движечка сила на екипата. Покетино сезонава најмногу и најчесто играше четворица бекови Вокер, Трипер, Дејвис и Роуз, кои се ротираа во одбраната. Од друга страна, Топџиите можат да му веруваат на Жиру, но и на спасителот Велбек кој полека се враќа во форма. Во однос на резервните играчи и двете екипи имаат адекватни решенија, со тоа што Арсен Венгер има повеќе главоболки со повредени играчи.
Ако им се верува на претпоставките, Арсенал веројатно брзо ќе се поздрави со европското натпреварување и ќе има прилика да се фокусира на Премиер лигата.