Значи годишнината паѓа денес, а резултатот во тоа епско полуфинале одеше вака: Ајакс го освои Лондон со 0:1, а потоа дома на полувреме имаше 2:0 или да речеме финале в рака. Но во вториот дел Лукас Мура го постигна првиот хет-трик за Тотенхем вреден во финале. Минутите беа: 55, 59 и 96.
Се пишуваше на големо за тоа огромно изненадување, особено што Тотенхем беше единствениот тим во петте најдобри европски лиги, што стана финалист без да потпише ниту еден играч таа сезона.
Но тоа не беше во целост точно, да се нарече Тотенхем тим без трансфери. Имаше златно регрутирање на играчи во времето на Покетино, но не во сезоната 2018/2019, туку во 2015-та кога ги донесоа Деле Али, Сон Хунг Мин, Киран Трипиер и Тоби Алдервеирлд.
Ги купија сите четворица заедно за 45 милиони фунти, но четири години подоцна пред финалето беа ценети на 250 милиони. Беа никој и ништо кога се појавија и далеку од атрактивни имиња на пазарот, како и обвинети за ископани играчи во стилот на Покетино.
„Манчестер Сити, Челси, Ливерпул и Манчестер Јунајтед беа суперсили и беа пред нас во однос на можностите за трошење. Баравме играчи со потенцијал, затоа што чувствувавме дека го имаме еден од најдобрите наставници во играта. Покетино е вистински развивач на играчи. Можевме да ангажираме играчи кои мислевме дека ги имаат сите атрибути од тоа што тој бараше, но ќе беа поназад во нивниот развој“, објаснува Дејвид Веб, кој сега работи како шеф за фудбалски операции во Хадерсфилд.
Критериумите на Покетино за еден играч вклучуваа комбинација од физичка, техничка и ментална подготвеност. Тие мораа да одговараат на планот за игра и хемија која се бараше.
„Тие мораа да бидат тактички многу способни, ама и физички поради транзициите во играта. Тотенхем беше многу добар во транзиција. Секој играч мораше да поседува квалитети со топка, без разлика на позицијата на која игра, но исто и карактерно, затоа што соблекувалната беше клучна. Едноставно мораа да бидат екстремно големи работници на теренот и надвор од него“.
Али беше предводник на успехот. Го купија за 5 милиони фунти, а потоа го изгласаа на играч на годината во Премиер лига во првите негови две сезони на Вајт Харт Лејн. Инаку Тотенхем го купи во јануари 2015-та od третолигашот МК Донс, па им го врати на позајмица за остатокот од сезоната.
„Лично го следев Деле и за него мислев на почеток дека ќе го праќаме на позајмици, можеби во Чемпионшип, но за време на подготовките беше очигледно дека може да се натпреварување на ниво за во Премиер лига и тоа можеби како редовен стартер. Не изненади со неговиот карактер, решителност и еластичност. Работеше феноменално“.
Алдервеирлд беше исто така играч со влијание. Тотенхем прими 53 гола во сезоната 2014/2015, но во деби сезоната на белгискиот дефанзивец намалија на 35 примени гола.
„Во неговиот ангажман клучната улога ја имаше Пол Мичел кој во таа 2015-та беше шеф на скаутите. Претходно беа заедно во Саутемптон и тој знаеше дека ќе одговара за стилот на Покетино. Имаше одредени квалитети кои не привлекоа. Беше интелигентен, многу артикулиран, фантастичен со топка во шеснаесетник. Тој не беше ултра брз, но одличен беше во читањето на играта и антиципацијата. Впрочем и добар карактер, како и комуникатор на терен со лидерски квалитети“, објаснува Веб.
Трипиер пак го купија од Барнли за 3,5 милиони фунти и тоа за резерва, но три години подоцна даде гол за Англија во полуфиналето на СП.
„Тој беше ултра компетитивен. Физички беше многу добар и беше бек каков што бараше Покетично. Беше способен да нафрла во шеснаесетник од разни позиции. Знаевме дека добиваме играч кој е тивок офанзивно, но со потенцијал за подобрување“.
Сон беше побавен во развојот со 8 гола првата сезона, но потоа следните четири години даде 75.
„Некои играчи одма удрија силно, на други им беше потребно да се вклопат, но никогаш не се сомневавме во никој дека ќе цвета. Сон беше фантастичен и различен од тоа што го имавме. Беше семејно ориентирана личност, многу самоуверен и навистина фино момче“.
„Тој додаде разноврсност и друга димензија. Мултифункционален тип, а тоа беше важно. Ако ни требаше го игравме како лажна деветка, а една од неговите главни карактеристики беше што може да трча насекаде“.
Четири години после ангажманот на овие четворица играчи за кои зборува скаутот Дејвид Веб, Тотенхем се бореше во финале на Лига на шампиони.