Во пролетта 2017 Ајакс стигна до финалето на Лига Европа што беше најголем успех за славниот колектив во последните неколку години.
Но потоа во клубот почна хаос - слаби резултати, заминаа некои од клучните играчи и тренерот Петер Бос беше отпуштен.
За многу проблеми бил посочуван генералниот директор Едвин ван дер Сар, но во декември 2017 легендарниот голман веројатно го донел најдобро решение: го отпуштил Марсел Кајзер и го назначи за тренер 48-годишниот Ерин тен Хаг.
Ширум Европа овој тренер е малку познат но во татковината важи за сериозно добар стратег.
СЕ ОТСЕЛИЛ ОД ХОЛАНДИЈА ЗА ДА УЧИ ОД ГВАРДИОЛА
Ерик тен Хаг немал завидна играчка кариера и стотина меча за репрезентациајта. Најголем дел од кариерата ја минал во Твенте каде во 2006-та година станал помошен тренер а после три години истата функција ја обавувал во ПСВ.
Првпат добил шанса да биде самостоен тренер во 2012-та кога седнал на клупата на малиот Гоу Ехед Иглс од втора лига.
Овој клуб познат само и само на обложувачите цели 17 години не играл во првата Ередивизија, но Ерик ги однел уште во првата сезона.
Тогаш стекнал реноме и за него почнало да се зборува меѓу поголемите холандски клубови. Но Тен Хаг ги изненадил сите кога решил да замине од Холандија и во летото 2013 да потпише со Баерн Минхен каде станал тренер на младинците и помошник на Пеп Гвардиола.
Оваа идеја била на техничкиот директор Матијас Замер кој еднаш го запознал Тен Хаг на некој тренерски форум и на сите конференции таму бил воодушевен од Холанѓанецот.
Младиот тренер не оставал ништо на случајот и ги посетувал сите тренинзи на Гвардиола со првиот тим. Зборувал и со Пеп но и со другите тренери од неговиот штаб. За ништо да не заборави, Ерик си носел тефтер во кој го запишувал секој збор на Шпанецот:
„Секој ден работам со него и секојдневно со нетрпение чекам да се сретнам со Пеп“, рекол тогаш Тен Хаг.
Најголем впечаток му оставило тоа што Гвардиола многу зборувал за ситните детали. Запомнил како Пеп го сменил менито во целост, ги забранил мобилните телефони во базата и го анализирал секое движење на тренинзите.
„Тен Хаг е луд за фудбал. Тој постојано ги следи играчите и го анализира нивниот развој“, одговорил еднаш Гвардиола.
Тен Хаг во вториот тим на Баерн Минхен поминал две години и веќе сакал да го пренесе некаде своето знаење. Во летото 2015 го поставиле за тренер и технички директор во Утрехт.
Како неговиот мастер, така и Ерик наскоро назначил нов персонал, донел аналитичари кои ги изучувале тренинзите и противниците.
Најсериозен проблем бил стариот терен на кој тренирал Утрехт. Тогаш решил да најде ново место за тренинзи - во еден затворен голф клуб.
„Скромниот буџет на Утрехт не дозволуваше скапи играчи па затоа парите ги насочувавме на се друго“, се сеќава Тен Хаг.
После неколку недели екипата заиграла напаѓачки и отворено и навивачите се вратиле на трибините (до неговото доаѓање Утрехт ја имал една од најслабите посети во Ередивизија).
Во сезоната 2014/2015 Утрехт кој ретко кога бил повисоко од 10. место, се нашол во финалето на Купот на Холандија и завршил 5. во лигата. Огромен успех за клуб со 13 буџет во првенството.
Ерик ја добил премијата „Ринус Михелс“ за најдобар тренер на сезоната во Холандија. Тамошните медиуми се чуделе на успехот на Утрехт и го нарекле Пеп Тен Хаг во чест на неговиот ментор.
Следувале уште шест успешни месеци во кои Утрехт за малку во квалификациите за Лига Европа не го помина Зенит на Манчини кој има 7 пати поголем буџет.
По извесно време дошол „денот Д“. Ајакс барал нов тренер и целиот фокус бил насочен кон младиот талентиран стручњак.
Главната карактеристика на Тен Хаг е психологијата - тој одлично знае да го разбере менталниот склоп на своите играчи.
Се работи за тренер кој сака жестоки тренинзи, сурова дисциплина и спартански режим. И во Утрехт и во Ајакс во првите шест месеци фудбалерите не донеле значајни резултати, но со тек на време сфатиле дека Тен Хаг ги прави подобри.
****
За неговата работа најдобро зборува фактот дека играчите кои биле непознати, одеднаш вределе неколку милиони евра. Во Утрехт после неговата прва сезона, клубот го продал Барт Рамселар во ПСВ Ајндховен за 4,75 милиони евра што бил најкрупен трансфер таа година.
Тој често знае и да им ги смени позициите на играчите па така од Квинси Промес на времето во Го Ахед Иглс направил шпиц кој стана ѕвезда на Твенте а подоцна и на Спартак Москва и Холандија.
Френки Де Јонг, бисерот кого го бара пола Европа со Тен Хаг добил повеќе позиции на теренот иако претходно бил само играч од средината.
Во првите шест месеци навивачите на Ајакс постојано го критикувале и дури еднаш го нападнале клупскиот автобус поради просечни резултати.
А пред две недели Ајакс првпат после 13 години влезе во нокаут фазата од Лига на шампиони.