Добриот, лошиот и воениот

За војна лесно е да се каже која била добрата а која лошата страна. Добрата е онаа којa победила. Но, кога војната ќе се зумира на човечко ниво, работите се усложнуваат. Лошите можат да останат лоши ама на добрите не е лесно да им најдеш што е кај нив добро. Два детала од двете страни на Втората Светска Војна.

ЗА ЛОШИТЕ ДЕЧКИ

Начинот на кој Јапонците ги третирале своите заробеници во многу аспекти го надминува крвништвото на нацистите. Евидентирани се огромен број докази за канибализам меѓу затворениците. И тоа не како спорадични случаи туку како резултат на воената доктрина на Јапонците. Да, тоа им била целта, затворениците да се чуваат живи, како храна за други затвореници.На крајот од војната, се касапеле меѓу себе и се јаделе. Овој факт бил толку вознемирувачки за семејствата на настраданите војници што сојузниците решаваат да го премолчат па за канибализмот не се спомнува ништо за време на судењата на токискиот трибунал за воени злосторства во 1946-та.

ЗА ДОБРИТЕ ДЕЧКИ

Особено врз источниот дел на германскиот град Хамбург, британската авијација применувала тактика на тн згуснати бомбардирања. На мал периметар се истураат огромно количество бомби а силниот пожар прави оџак или вулкан кон со урагански сили вцицува се што му е на дофат. Жештината се качува во небото а англиските пилоти на 5.000 метри височина можеле да почувствуваат мирис на печено човечко месо. Оние долу кои останале под некаков покрив биле задушени, оние надвор биле буквално испечени и јагленисани, дел од нив како инсекти залепени за стопениот асфалт. На овој начин загинале меѓу 70 и 80 проценти од 40-те илјади жртви во Хамбург.

* примерите се од книгата на Ентони Бивор, Втората Светска Војна

Се на се, ова е финалниот резултат од кои не се гледаат деталите:

 

18 април 2013 - 14:12