Резултатите на сите тренери на Манчестер по заминувањето на Фергусон

И во 1.500 натпревари, Сер Алекс Фергусон е подобар според процентот на победи (59,7) од сите негови наследници, ако го исклучиме Карик кој ги водеше на само три меча. Но со него безпредметно е да се прават споредби бидејќи создаде респектабилен тим со страшни фудбалери во кој секој гледаше со страв и почит. Бренд и гигант со 38 трофеи.

Статистички гледано најдобар после него е Мурињо со 58% победи, а втор Ерик тен Хаг со 56%.

Но на Олд Трафорд не е важна толку статистиката, колку што е проблемот во организацијата на клубот почнувајќи од менаџментот, па сè до неможноста никој од овие тренери, ниту од близу да го врати стариот сјај на Манчестер Јунајтед.

Да создаде тим со идентитет, кој ќе биде конкурентен за титулата и во Премиер лига и во ЛШ. Нешто што беше под водство со Ферги кој им донесе 13 титули во Премиер лига и 2 во ЛШ или вкупно 38.

По заминување на шкотската легенда во 2013-та, Манчестер Јунајтед само на телевизија има видено како изгледа трофеј во Премиер лига и ЛШ.

Од тогаш до денес имат освоено по два пати ФА и Лига Куп и по еднаш Лига Европа и Комјунити Шилд.

1 ноември 2024 - 14:13