Жените на фудбалерите во Саудиска Арабија: „Овде е посигурно отколку во Европа, не ни се враќа“
20 октомври 2026
- Сопругата на репрезентативецот на Франција и некогашен фудбалер на Милан и Реал Мадрид, Тео Ернандез, Зои Кристофоли која е Италијанка од Верона, се придружи на реакциите по повод страшниот хаос кој се случуваше деновиве во Франција и Италија.
- Насилните протести во Франција донесоа илјадници повредени лица, скршени и демолирани локали, ограбени продавници, запалени возила и напади врз неистомисленици.
- Зои Кристофоли коментирала на едно видео кое се шири по друштвените мрежи на кое се гледа како една сопственичка на продавница беспомошно се обидува да го заштити својот локал за време на нередите грабежите во Франција.
- Сопругата на Тео Ернандез ги споредува овие сцени со нејзиниот живот во Ријад, во Саудиска Арабија каде важат построги закони и има поголема безбедност.
- „Ако некому украдеш нешто, ти ги сечат рацете. На почетокот си мислев: да не е ова претерано? Сега мислам дека нема друг начин одредени луѓе да се стават под контрола“, напишала таа.
- Имено сопругата на Ернанез и самата има лична траума од насилен грабеж кога во октомври 2022-ра година вооружени напаѓачи упаднале во нејзиниот дом во близина на Милано, впериле пиштол кон неа и нејзиното дете и ги ограбиле. „Ако даде Бог, ќе останам овде што е можно подолго“, рекла Зои за Саудиска Арабија.