Речиси се познати шеширите, Македонија сигурно ќе игра за ЕП 2028 со еден гигант
10 ноември 2026
- Познати се шеширите за ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2028 година, која ќе се одржи во декември 2026 година. Распределбата е направена врз основа на привремениот пласман во Лигата на нации, а конечниот изглед ќе зависи од резултатите во преостанатите натпревари до крај.
- Според проекциите на „Football Meets Data“, репрезентацијата на Македонија со сигурност се наоѓа во третиот шешир, заедно со Романија која исто така е сигурна. Според моменталните резултати таму се наоѓаат Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд.
- Во првиот шешир се наоѓаат најквалитетните европски селекции, сигурни се Шпанија, Португалија, Франција, Холандија, Англија, Грција и Италија, а таму се очекува да бидат и Белгија, Данска, Германија, Норвешка и Хрватска. Треба да се случи чудо за Белгија и Германија да не бидат во прв шешир, а многу близу до потврда на местото се и Норвешка и Хрватска, кои зависат сами од себе затоа што играат со директните ривали за освојување на третата позиција на табелата. Вториот шешир кој уште е во формирање има само една позната, тоа е Швајцарија, а според моменталниот пласмсан го сочинуваат и Велс, Србија, Турција, Чешка, Шведска, Австрија, Северна Ирска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Словенија.