Најлудачките поени на Медведев кој со епски пресврт се избори за финале во Мелбурн

По 2021-ва и 2022-ра, Данил Медведев се избори за трето финале на Австралија опен до кое стигна со страшен пресврт против Александар Ѕверев од 0:2 на 3:2. Имаме неверојатни поени за гледање од страна на Русинот.

Ѕверев кој делуваше многу подобар и помотивиран откако го елиминираше незгодниот Карлос Алкараз, поведе со 7-5 и 6-3.

И кога се чинеше дека е блиску до своето прво финале во Мелбурн, следуваше лавовска битка на Медведев кој следните два сета му ги зема во тај брејк, за на крај во петти сети да биде подобар со 6:3.

Во финалето Медведев ќе игра против Синер кој претходно направи големо изненадување откако го елиминираше Ѓоковиќ со 3:1.

Обрнете внимание на тенисот кој го игра Медведев. Стартуваме со оваа огромна борбеност од која извади неодбранлива дијагонала.

Поигрување на противникот па поен зачинет со прекрасен финиш на мрежа.

Лудачки ритерт со дроп шот во тај брејк, веројатно потег на мечот. 

Последниот поен за победа. 

Лавовска битка за поен во првиот сет која траеше 70 секунди и кој успеа да го земе Ѕверев. 

И уште еден маестрален дроп шот на Медведев

26 јануари 2024 - 14:09