Налатевме на видео на кое Австралиец се срами од друг Австралиец кој за време на финалето на Медведев му дофрла како да е не пазар, а не на еден ваков господски спорт, каде е нетипично вакво однесување.
„Оди врати во Русија“, довикува црепот за време на штамата, посветена за концентрација на тенисерите пред сервис.
Someone yelled out - back to Russia, this is absolutely embarrassing and disgraceful. I can’t believe this is happening in our country, the person had to be kicked out 😠 😡 #AusOpen #AO2022 #AustralianOpen #Tennis https://t.co/nHTQluQtCY
— ⚫️⚪️ JAKE ⚫️⚪️ (@IncrediblyBozza) January 31, 2022
Ова е веројатно дел од причините зошто Русинот беше толку гневен и разочаран од односно на австралиските навивачи кои ги нарече идиоти.
Неговото разочарување можеше да се забележи и на прес конференцијата после мечот.
„Од сега ќе играм само за себе, моето семејство, за луѓето кои веруваат во мене и секако, за сите Руси, бидејќи почувствував многу поддршка тука. Вака ќе ви го соопштам тоа. Ако се случи да се организира некој турнир на тврда подлога во Москва, ќе одам да играм таму дури и по цена да пропуштам Вимблдон или Ролан Гарос, или некој друг голем турнир. Ова дете престана да сонува. Ова дете ќе игра само за себе.
Еден мал пример. Пред Рафа да сервира, дури и во петтиот сет, се случуваше некој да викне 'Одиме Данил'. Не би ме чудело тоа да беше и едно лице. А илјадници луѓе веднаш реагираа го замолчуваа. А кога дофрлањата се случуваа при мој сервис, немаше реакции. Знаете, тоа е разочарувачко. Тоа е непочитување. Не сум сигурен дека по 30 години ќе играм тенис“.