Мечот против Јаник Синер смета дека му е еден од најлошите Гренд слем партии во кариерата и едноставно е шокиран е од својата лоша игра.
„Сакам да му честитам на Синер за одличниот турнир и сосема заслужено е во финалето бидејќи потполно ме надигра. Шокиран од моето ниво на игра, ништо не одиграв како што треба. Ова е еден од моите најлоши натпревари на Гренд слем турнирите.
„Да бидам искрен, цел турнир не играв ни блиску од тоа што можам. Можеби против Манарино, но главно не играв така како што можам во Австралија. Искрено, Синер ме изненади, но не мислев дека ќе бидам толку лош во првите два сета“.
„И тоа доволно зборува за тоа како одиграв. Тој сервираше прецизно, а јас тешко можам да ги опишам сите негативни работи. Имав лош ритерн, лошо движење, лош бекхенд. Сè беше под просек, додека неговиот сервис беше одличен.
„Јаник немаше многу повеќе винери од мене, но јас имав многу повеќе грешки. Почеток на сезоната е, не сум навикнат на вакво чувство, прв пат губам полуфинале во Австралија, ќе видиме како ќе биде понатаму“, рече Ѓоковиќ на пресот после мечот.
Најинтересните моменти од историскиот триумф на Синер над Ѓоковиќ