Фото на денот

Притворен, депортиран, критикуван, линчуван медиумски. Годинава повреден, провоциран и под притисок да мисли и на потезите на татко му. Сè издржа и во рок од 12 месеци им покажа на Австралија и светот дека ништо не може да му застане на патот кога ќе тргне по трофејот. Ниту момците од помпезно најавуваната „NextGen“. Каква ментална сила има овој човек.

Плус секогаш ведар, насмеан и позитивен. Бараше аплаузи за Федерер, ѝ делеше цвеќиња со автограм на новинарката од Еуроспорт, им честиташе родендени на мајка му и физиотерапевтот.

Бонус:

Голема победа на Ѓоковиќ за 10-та титула во Австралија!

Емотивна реакција, Новак се расплака по новата титула

Ѓоковиќ и даде цвеќе со автограм на новинарката која го штипна на интервју

Роденденски честитки за мајката и физиотерапевтот на Ѓоковиќ и респект за Федерер

30 јануари 2023 - 08:35