Емотивна реакција, Новак се расплака по новата титула

Витешки Ѓоковиќ го издржа сè она што го следеше во последните година дена откако лани прво беше држен во притвор во Мелбурн па депортиран од Австралија поради неговиот вакцинален статус. Година дена подоцна стигна до 10-та јубилејна титула во Мелбурн и стигна до 22. Гренд слем трофеј со што се израмни со Рафа Надал на вечната листа.

Ѓоковиќ и овојпат беше демонизиран од страна на голем дел медиуми откако татко му се најде во фокусот на вниманието по четвртфиналниот дуел на Новак со Русинот Рубљов, па и тука мораше да го брани својот и интегритетот на своето семејство.

Сега откако убедливо го освои Гренд Слемот, не можеше веќе да ги држи емоциите и се расплака.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sport na B92.net (@b92_sport)

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportal_srbija)

29 јануари 2023 - 13:17