Во фантастичен дуел Новак Ѓоковиќ убедливо го победи Циципас и сега има 10 победи во 10 финалиња на Австралија Опен.
Новак одигра сјаен турнир без грешка и заслужено стигна до нов трофеј од Мелбурн.
Уште од самиот старт на дуелот пред преполни трибини на „Род Лејвер Арена“ во Австралија, Ѓоковиќ тргна во свој ритам и веднаш покажа дека е цврсто решен да стигне до титулата.
Во првиот сет кој траеше само 36 минути Новак не дозволи брејк на ривалот а самиот зема брејк во четвртиот гем кога поведе 3:1 и до крајот на сетот рутински одработи за водство од 1-0.
Циципас малку се созема во вториот сет, имаше попрецизни удари па Новак не дојде до шанси за брејк после што беше видна блага нервоза кај Ѓоковиќ кој повторно како и на претходните дуели бараше совети од тренерот Иванишевиќ.
Во сиутација кога резултатот беше 5:5, двајцата тенисери ги чуваа своите сервиси и се отиде во тај-брејк во кој Новак беше посмирен, го доби тај-брејкот 7:4 и зголеми на 2:0 во сетови со што го отвори патот до титулата.
Во третиот сет повторно се играше поен за поен, тај-брејкот пак решаваше кому ќе припадне сетот а Ѓоковиќ овојпат лесно стигна до страшно високи 5:0, Циципас намали на 5:“ но се беше готово кога Србинот ја искористи третата меч топка за да го освои третиот сет и заслужено да слави триумф!
🏆 🏆 🏆 🏆 🏆 CHAMPION 🏆 🏆 🏆 🏆 🏆@DjokerNole has mastered Melbourne for a TENTH time!@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/ZThnTrIXdt
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
Интересно, за тоа со колкава самодоверба Новак го играл финалето на Австралија Опен говори и фактот што на свечената церемонија доделување пехари и награди се појави со јакна со број 22 - бројот на освоени Гренд слем трофеи во богатата кариера.
Занимливо е што Новак нема пораз во Мелбурн Парк на Австралија Опен уште од 2018-та година и има рекорд од 28 победи по ред.
Минатата година Новак немаше прилика да ја брани освоената титула зошто беше депортиран од Австралија поради целиот циркус со вакциналниот статус.
Ѓоковиќ од понеделник се враќа на 1. место на АТП ранг листата каде претходно постави рекорд по бројот на недели на врвот.
KING OF MELBOURNE 👑 @DjokerNole pic.twitter.com/myM619PTVN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
These reactions 🥹
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
Priceless. @DjokerNole • #AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/GKMVgcMlgf
Во женскиот дел од Австралија Опен титулата ја освои 24-годишната Белорусинка Арина Сабаленка која во големото и неизвесно финале ја совлада Елена Рибакина со 2-1 по сетови 4-6, 6-3, 6-4 после 2 часа и 28 минути борба.
Сабаленка и останатите белоруски и руски тенисери на Австралија Опен годинава играа без знамињата на своите земји покрај своето име, поради одлука на организаторот.
Младата Белорусинка од понеделник ќе стане втора тенисерка на ранг листата со што ќе го израмни својот најдобар резултат од кариерата.