Нови тениски правила кои може да го изменат овој спорт

Светската тениска федерација на турнирот за најталентирани играчи во светот до 21 година во Милано испроба неколку експерименти кои би требало да го подобрат овој спорт, но за нивно имплементирање ќе се чека уште неколку години.

Во Милано се одигра револуционерен турнир за играчи до 21 година. На него се презентираа многу новости кои во блиска иднина за пет-шест години би можеле драстично да го изменат машкиот тенис. Женската организација WTA функционира одделно и таа за иновациски план не зборуваше ништо.

РОБОТИ НАМЕСТО СУДИИ

Во Милано за првпат во историјата системот Hawk-Eye ги замени линиските судии така што сите решенија за тоа дали бил аут или не ги одлучуваше робот, а не човек.

Каква беше реакцијата?

Од играчите имаше позитивна реакција: „Системот е многу брз и не греши. Ми се допаѓа“, изјави Данил Медведев, еден од најголемите таленти на светскиот тенис кој се очекува да биде дел од генерацијата која полека ќе ги одменува Надал, Федерер, Ѓоковиќ, Мареј...

Единствена претензија имал Карен Хачанов кој рекол дека не му се допаѓал гласот со кој роботот објавува кога е аут. Младиот руски тенисер вели дека би требало да се снимат гласови од неколку судии, па и од тој што ќе седи на главното столче на мечот и тие да се пуштаат преку роботот.

ПЕРСПЕКТИВА

Има три проблеми. Првиот е што Hawk-Eye лошо работи на земја и творците признаваат дека нивото на погрешни одлуки (3,6 милиметри) помалку се зголемува. Според експертите тоа произлегува од нерамниот земјен терен. На земја овој систем со роботи ќе биде полесно да се имплементира: топката остава јасен траг на површината и сосема е можно дека Hawk Eye би покажал аут а трагата да покаже тека топката била во поле. И тогаш судијата каква одлука да донесе?

Втор проблем е што на еден турнир (во Индијан Велс) системот Hawk Eye е востановен на сите терени. Овој систем чини 100.000 долари плус дополнително трошоци за одржување. Ако „Гренд Слемовите“ и „Мастерс“ турнирите имаат пари, скромните помали турнири немаат доволен буџет за оваков голем залак.

Трет проблем е што многу судии ќе останат без работа. Секако дека би можеле да ги преусмерат на јуниорски и младински турнири каде нема ниту линии, ниту Hawk Eye и каде владее хаос.

ТАЈМЕР НА ТЕРЕН

Освојувачот на Next Generation турнирот Кореецот Хјон Чунг

На крајот од 2012 година ATP решила да се бори со задржувањето време. Тогаш спремија казна за тие кои не може да се спремат за 25 секунди по паузата: за првото нарушување на предупредувањето и за последното. Но проблемот лежи во тоа што судиите работеа без систем. На пример играчот може го искористил цело време да се одмори, а судијата да го предупреди дури пред сет-топка на противникот.

Сега со нов тајмер на теренот би можело лесно да се надгледува колку време играчот седи на паузата. Овој тајмер беше пробуван во квалификациите за US Open а сега и на турнирот New Generation во Милано.

Реакцијата?

Учесниците изјавиле дека тајмерот им се допаѓа. На пример му помогнал на Кореецот Хен Чон кој претходно често добивал предупредувања и казни, сега да станува на време. Сега Чан знае кога треба да реагира.

Карен Хачанов и Александар Зверев исто ја поддржале идејата а Данил Медведев предложил дека наскоро овој тајмер ќе се појави и во основните турнири.

ПЕРСПЕКТИВА?

Медведев е во право затоа што Australian Open намерува да го востанови тајмерот уште од првото коло следната сезона.

Од друга страна, Рафаел Надал на пример често го критикуваше правилото за 25 секунди затоа што тој сметал дека во тенисот има помалку драматични финиши и поените стануваат пократки со тајмингот. Новак Ѓоковиќ исто така зборуваше дека судиите се должни да го мерат времети и да им дадат на тенисерите уште некоја секунда повеќе.

РАЗГОВОР СО ТРЕНЕРОТ

Во Милано играчите официјално решија да се советуваат со тренерите преку слушалки. Кај жените има таква можност уште од 2009 година но ако во WTA тренерите доаѓаат на теренот, тоа во Италија значеше дека таа дистанца се надминува со помош на техника.

Како и во женскиот тенис, така и тука гледачите го слушаа целиот разговор кој беше интересен. На пример имаше и ситуација после првиот сет од полуфиналето меѓу Рублев и Чориќ кога дознавме дека Хрватот треба да го чува бутниот мускул и да не ризикува при удар со хорхенд. 

„Според мене тенисот е единствен спорт во кој ова е забрането. И тоа е неправедно затоа што не е неправилно. Ти цела година работиш со тренерот - зошто тој да не може да ти каже нешто за време на мечот“?, ја брани оваа иновативна техника Данил Медведев.

НОВ ФОРМАТ

Веќе неколку години тенисот размислува како да ги направи мечевите пократки и поинтересни за публика. Шестчасовен трилер да гледаш на телевизија па е тешко а не на стадион. Проблемот може да се реши на разни начини а во Милано го пробаа најрадикалниот.

На младинскиот турнир играа по правилата Fast4: се игра до три сета, но секој сет има четири гема. Тај-брејк почнува на 3:3.

Ова е единствен експеримент кои играчите едногласно не го одобриле. Александар Зверев во Милано играше таков меч и вели дека не би можел да се замисли себе во полуфинале или финале на сериозен турнир да игра во таков формат.

Пожестоко реагирал Андреј Рублев. Тој смета дека овој формат е недопустлив: „Мислам дека овие правила се неправедни затоа што во тенисот треба да победи тој што повеќе и подобро работел а не еднаква шанса со него да има и некој што неправилно игра или работи непрофесионално па сега во три-четири гема да победи“.