Новак Ѓоковиќ ја доби тешката битка против Александер Зверев, за пласман во финале на УС опен кое му дава шанса да се бори за историски Грен слем 21, бројка која никој не ја достигнал во историјата на тенисот. Како и на претходните мечеви, Србинот го загуби првиот сет, потоа направи пресврт за на крај да победи со 3:2. Сите зборуваат за поенот во третиот сет, кој не сакаше да заврши.