Навивач на УС Опен го величаше Хитлер, обезбедувањето го исфрли

Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако во најдраматичниот осминафинален натпревар кој траеше скоро пет часа славеше со 3:2 против Италијанецот, Јаник Синер. Во еден момент германскиот тенисер го прекина мечот и се пожали дека некој од трибина ја изговара најпознатата фраза на Хитлер. Судија се налути и почна да прашува во публика кој е тој, а потоа го открија.

5 септември 2023 - 08:18