Фото: Epa Images
- Англискиот шампион направи уште еден мегаломански трансфер откако го договори францускиот шпиц Уго Екитике во трансфер вреден 80+ милиони евра. Како што пренесува новинарот Фабрис Хокинс, црвените се договориле со некогашниот напаѓач на ПСЖ а досега центарфор на Ајнтрахт Франкфурт и договорот ќе биде на 6 години со важност до 2031.
- 23-годишниот Екитике е дете на Рем од каде играше во дански Веље па замина во ПСЖ. Во Париз немаше место за него во силна конкуренција па се пресели во Ајнтрахт Франкфурт за 16,5 милиони евра. Минатата сезона за Ајнтрахт на 48 меча постигна 22 гола со 10 асистенции.
- За последните 48 часа Екитике ги одби Манчестер Јунајтед и Њукасл кој беше на праг од договор со него и се реши да оди на „Енфилд Роуд“.
- Ливерпул веќе ги ангажираше Флоријан Вирц, најдобриот германски фудбалер за кого поставија нов астрономски рекорд со трансфер вреден 125 милиони евра плус бонуси! Дојдоа уште и најдобриот лев бек во Премиер лига за минатата сезона, Милош Керкез и десниот бек од Леверкузен Фримпонг. Се очекува наскоро да потпише и стоперот Гуеи од Кристал Палас.
- На излезна врата од Ливерпул се неколку фудбалери меѓу кои Дарвин Нуњез.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.