Овации за Ѓоковиќ и Зверев кои го одиграа поенот на сезоната

Новак Ѓоковиќ ја доби тешката битка против Александер Зверев, за пласман во финале на УС опен кое му дава шанса да се бори за историски Грен слем 21, бројка која никој не ја достигнал во историјата на тенисот. Како и на претходните мечеви, Србинот го загуби првиот сет, потоа направи пресврт за на крај да победи со 3:2. Сите зборуваат за поенот во третиот сет, кој не сакаше да заврши.

Новак имаше втора сет топка и кога запна да ја освои, со иста мера запна и Зверев. Маратонскиот инает беше поголем на Германецот кој го доби поенот, а следниот го загуби со што го загуби и сетот.

11 септември 2021 - 12:27