Ѓоковиќ до Зверев: Ти посакувам да ја освоиш титулата пријателе

Новак Ѓоковиќ го предаде полуфиналето на Австралија опен против Александар Зверев по завршувањето на првиот сет. Причината е повреда на мускулот која ја заработи во првиот сет против Алкараз. Се надеваше дека со два дена одмор и рехабилитација, како и без тренинзи ќе ја победи и ќе биде спремен, но не успеа. Се огласи на Инстаграм со прекраска порака до Зверев.

„Се обидов да се опоравам за денешниот натпревар, но можев само да притискам. Како и да е, има позитивни работи што треба да ги издвоиме од овој турнир. Ви благодариме @tennisaustralia што како и секогаш, на прекрасен начин го пречекавте мојот тим, семејството и мене. Му честитам на Саша за новото Гренд слем финале. Ти посакувам да ја освоиш титулата затоа што тоа го заслужуваш пријателе“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Кривеше на заминување 

Крај за Ѓоковиќ во Мелбурн, предаде меч поради повреда 

24 јануари 2025 - 15:57