„Не мислам дека некогаш ќе слушнете нешто добро за мене од него“ - Марија Шарапова за тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу.
„Дуелите против Ѓоковиќ се Невозможна мисија од која би избегал и Том Круз“, Горан Иванишевиќ за тоа како да се победи Новак.
„Да беше ова фудбал, никој немаше да каже ништо. Но бев на тенис и тоа женски, а многу го гледаат женскиот тенис како покровителство" - Италијанскиот премиер Матеро Ренци реагира на критиките зошто бил на УС Опен, наместо да работи во земјата.
„Јас не сум од оние луѓе што се будат во лошо расположение“, Роже Федерер.
„Што сакаш? Не ми ги крши мадињата! Секогаш е истата приказна“, Фоњини на Надал за време на финалниот меч во Хамбург годинава.
„Ако ми беше важно што зборуваат луѓето за мене, јас веќе одамна ќе се отселев од Комптон, Калифорнија“, Винус Вилијамс.
„Се чувствувам половина Индијка, половина Швајцарка“ - Мартина Хингис, за бројните освоени трофеи во двојки со Индијката Саниа Мирза.
„Веќе резервирав авионски карти за назад кога дознав дека играм со Серена. А сега сум со пехарот во раце. Неверојатно!“ - Роберта Винчи после легендарниот, историски триумф над Серена Вилијамс на УС Опен.
„Луѓето може да зборуваат дека Маша е Американка, веќе 7 години живее таму. Но има нешто внатре во мене што никој нема да го замени. Се сеќавам како се чувствував кога првпат го освоив Ролан Гарос под руското знаме, кога запеа химната“ - Марија Шарапова за спорот околу тоа кому припаѓа.
„Следната година ќе го поткупам Карловиќ“ - Новак Ѓоковиќ кога делеше колачиња на новинарите послепобедата во финалето на турнирот каде загуби само од Карловиќ на турнирот Катар Опен 2015 во јануари.
„Да, но не сакам" - Надал на прашањето дали може да го спореди патот до врвот на Ѓоковиќ со оној на Федерер.
„Можеби ако бев во полуфиналето како Британка, тоа ќе беше одличен резултат и ќе бев на сите насловни страни" - Шарапова на Вимблдон.
„Секој понекогаш сака шолја кафе, па така и јас нарачав на моето место" - Серена Вилијамс на прашањето зошто побарала кафе за време на мечот од Хопман Купот против Флавија Пенета.
„Можеби Серена се напила малку кафе. Знам дека не играше најдобро што знае" - Евгени Бушард после триумфот над Серена.
„Синоќа отидов во казино и потрошив доста пари. Изгубив 50 долари" - Енди Мареј.
„Со маж ми решивме да не живееме со нашите деца кога ќе остареме. Подобро да живееме во дом за стари лица, отколку да седиме со нивните врсници"", Ли На.
„Мислев на родителите. Им ветив дека годинава добро ќе се однесувам" - Гаел Монфис за причините поради кои победи со пресврт против Корнелие Пује.
„Може да бидете најзрелата и најубавата праска на светот, но и натаму ќе има човек што не сака праски. Што можете тука да сторите?“- Викторија Азаренко.
„Не се мачам за подготовката на свадбата. За се е одговорна Ким, и таа ги брка работите. Јас сум одговорен само за храната и мило ми е затоа што сите ќе бидат задоволни", Енди Мареј пред свадбата со вереницата Ким.
„Веднаш стана позната ѕвезда меѓу своите пријатели во училиштето. Сите го гледаа видеото на ЈуТјуб. Тој има илјадници прегледи како што разбрав. Во извесна смисла ќе биде среќен", Фелицијано Лопез за детето задолжено за топчињата кое Шпанецот го удри во препони по еден волеј.
„Во соблекувалната сè е во ред. Сигурна сум дека вие мислите дека е како во филмот Mean Girls, но не е така, сè е добро. Тука е прилично мирно", Евгени Бушар.
„Му ја честитам на Жил Симон титулата на Опен 13 во Марсеј. Момчево е голем талент" - Фелисијано Лопез за Французинот Симон кој претходно во интервју изјави сомнеж во талентот на Шпанецот и на Гулбис.
„Многу е тешко да се одговори на ова прашање. Мажите тешко ги сфаќаат жените. Мажите и жените имаат различна логика. Во тенисот доминираат мажите. Зошто е така немам објаснување" - Амели Морезмо на прашањето зошто жените ретко стануваат тренери.
„Станав супер, баш супер пекар. Сега совршено правам колачиња и тирамису. Многу се возбудувам дома кога спремам нешто и се трудам да ги задоволам очекувањата. Следна цел ми е чизкејк. Тешко се пече чизкејкот, но како и во тенисот треба многу работа" - Григор Димитров.
„Татко ми никогаш не се грижел надвор од теренот. Грижата за детето - тоа е кога им цртаат тениски топчиња. Јас како да немав татко. Не зборувам со него подолго време и така ќе остане. Ми го украде детството и младоста. Буквално ја натерав мајка ми да се разведе од него, затоа што беше неподносливо", Тимеа Башински за татко ѝ.
„Одесник е теле и жалам што играше под американското знаме додека правеше измами. Добро е што тенисот се ослободи од него" - Енди Родик за 15-годишната суспензија на Вејн Одесник (28) кој на два пати го фатија дека користел недозволен допинг.
„Тенисот е спорт кој се заснова на победи. Кој ги памети поразите? Сите зборуваат за моите победи во Париз, а не за поразот од Робин Содерлинг" - Рафаел Надал на прашањето за најголемата сензација на Ролан Гарос кога загуби од Швеѓанецот во финалето.
„Се разделивме поради неговата несигурност и мојата желба да бидам слободна на сите нивоа. Како резултат на постојаните измами и лаги, потполно ја загубив довербата во него" - Илхам Вавринка за разводот од Стан Вавринка.
„Според мене, во тениост има само двајца генијалци, Федерер и Кеи. Никој друг нема таков стил како нив и никој не работи на теренот како нив" - Шузо Мацука, поранешниот тренер на Кеи Нишикори.
„Во моментов како играм, најомилен тенисер ми е Григор Димитров" - Димитров по триумфот над Ферер.
„Некако сите одат во Франција, во Монако, на некои други модни места, но не треба да заборават дека немаат видено половина од својата емја. Патриотизмот мене ме однесе во регионот Уренгое (Русија), кога им кажував на сите колку е добро кога ќе падне пет метри кристално бел снег, а не црн снег како во Москва" - Дмитриј Турсунов.
„Зошто Шарапова е посебна? Не знам, прашајте ѝ ги родителите" - Викторија Азаренка.
„Толку мечеви ги убиваат играчите. Нека играат раководните луѓе толку долго тенис, па ќе сфатат што е. Тие мора да разберат дека ние сме луѓе, а потоа спортисти" - Леандро Мајер по седумчасовниот меч во Дејвис Купот.
„Горда сум на сè што постигнав во тенисот, но сега имам чувство дека има нешто во што би можела да бидам подобра од тенисот во кој веќе поминав многу време. Сфаќам дека е бесмислица. Тоа не значи дека ќе пишувам книга за Пулицерова награда, но ми треба нешто друго", - Андреа Петковиќ за нејзиното повлекување од тенисот
„Кога имав 14 години, татко ми ми кажа дека ќе ми купи мопед ако до 18 години влезам во Топ 500 на ВТА листата. Резултатите беа подобри од очекувањата", Флавија Пенета за татко ѝ.
„Веќе не сакам тенисерка за девојка, затоа што имам проблеми", најголемиот срцекршач меѓу тенисерите, Радек Степанек.