Таг: вта листа

27 аса за Сабина Лисицки, нов рекорд во женскиот тенис

25-годишната Германка постави нов рекорд во историјата на ВТА турнирите, откако против Белинда Бенчиќ од Швајцарија имаше дури 27 аса. На турнирот во Бирмингем (трева), Лисицки реализираше 16 аса во првиот и 11 во вториот сет. Досегашниот рекорд го држеше Естонката Каја Канепи која во Токио во 2008. година имаше 24 аса.

Мирка е главна во семејството Федерер

Наместо најдобрите швајцарски тенисери, главна улога во полуфиналето на Мастерсот во Лондон одигра жена му на Федерер, која од трибините го пецкаше Станислас Вавринка додека сервираше за победа. На поранешната тенисерка не ѝ е првпат да биде во гро план.

Серена не била бремена, ќе игра на УС Опен

Во пресрет на УС Опен кој стартува за еден месец, женскиот рекет број 1 во светот Серена Вилијамс ќе се обиде да го поправи впечатокот од Париз и Вимблдон, турнири по кои се појавија разни шпекулации за нејзиното здравје.

Надал блесна во Париз но падна на АТП листата

И покрај историската осма Грен слем титула на Роланд Гарос, Рафаел Надал наместо да се искачи, падна на најновата ранг листа и се наоѓа пред неговиот сонародник Давид Ферер.