По дури 4 недели нагаѓања што се случува со Серена, откако на Вимблдон имаше непријатна ситуација кога ѝ се слоши за време на дуелот во двојки, Американката вели дека едвај чека да истрча на УС Опен, турнир кој го освојуваше во последните три години.
32 годишната Серена е 74 недели на врвот на ВТА листата, но својата доминација не успеа да ја потврди на терените на Вимблдон. Најпрвин во третото коло од сингл натпреварите загуби од Ализ Корнет, за три дена подоцна во дубл со сестра ѝ да ги загрижи своите фанови со бледата здравствена состојба.
Тогаш помладата од сестрите Вилијамс дури четири пати по ред направи двојна сервис грешка и очигледно беше дека со неа нешто не е во ред, по што го предаде мечот.
Медиумите почнаа да шпекулираат дека била бремена, други пишуваа за разни болести, а на крајот испитувањата покажаа дека имала вирусна инфекција.
„Одлично се чувствувам овде. Прекрасно е што ќе можам да настапам на Стенфорд“ - изјавила Серена по враќањето во Њујорк од одморот во Хрватска.
За разлика од 2013. година, кога покрај УС Опен и Ролан Гарос, освои уште 9 турнири и со скор од 78 победи и само 4 порази ја играше најдобрата сезона во кариерата, годинава не беше во топ форма.
Откако на својот Инстаграм профил објави фотографии од летувањето во Хрватска, Серена продолжи со тренинзите за УС Опен, Грен слем на кој ќе ја брани титулатата.
„Неколку дена не можев да станам од кревет, по што се појавија разни написи за мојата здравствена состојба. Едноставно сакав да се одморам, за да можам да продолжам да играм" – одговара Вилијамс зошто ја немало во јавноста.
Дека Серена се враќа во форма потврдува и Анжелика Кербер која изјави:
„Ја видов во понеделникот како тренираше и изгледаше многу добро. Сигурно е дека се враќа, добро играше на тренингот".
Каролина Плишкова од Чешка ќе и биде првата пречка на патот кон одбрана на трофејот на УС Опен кој стартува на 29 август.