Надал блесна во Париз но падна на АТП листата

И покрај историската осма Грен слем титула на Роланд Гарос, Рафаел Надал наместо да се искачи, падна на најновата ранг листа и се наоѓа пред неговиот сонародник Давид Ферер.

Најдобриот шпански тенисер рутинирано со 3:0 славеше над Ферер на финалниот турнир во Париз, но освои 325 поени помалку од него и падна на петтото место, додека Ферер се искачи на четвртата позиција.

На врвот и натаму е Новак Ѓоковиќ со 11.830 бодови, втор е Британецот Енди Мареј со 8310, а на третата позиција е Роже Федерер кој има 7640 поени. Од останатите промени на првите 10 места е скокот на Цонга кој му го зеде местото на Дел Потро.

Кај дамите, Серена Вилијамс со новиот трофеј на Роланд Гарос се зацврсти на првата позција со 13.615 поени, а минатогодишната победничка во Париз, Марија Шарапова ја загуби втората позиција каде сега се наоѓа Викторија Азаренка.

Од нашите тенисери најдобро рангиран е Томислав Јотовски кој се наоѓа на 1180 место со 6 освоени поени, додека во женска конкуренција најдобра Македонка е Лина Ѓорческа која со 28 поени е на 718 позиција на ВТА листата.

10 јуни 2013 - 13:27