На турнирот во Мајами 20-годишната Алена Остапенко забележала дека на турот има тенисерки родени 1997. година и подоцна: „Мислам дека во Топ 100 на ВТА, нашата генерација (97’) има 10 претставнички. Се сеќавам дека уште во јуниорски денови имавме тешки натпревари“, вели Остапенко.
Во Топ 100 има шест тенисерки кои се родени во 1997 година но нивните играчки квалитети Остапенко не ги преувеличи.
Денес во женскиот тенис генерацијата 1997 е особено впечатлива: на три големи турнири сезонава (Australian Open, Индијан Велс и Мајами) половина од нив стигнаа до самиот крај. Имаа 10 победи над тенисерки од Топ 10, четири од нив влегоа во Топ 30 на WTA.
Оваа генерација игра добро во женскиот тенис уште од 2015 година а денес овие девојки станаа главни претендентки за трофеите на Гренд Слем турнирите.
Белинда Бенчиќ
Достигнувања: две титули WTA од кои еден голем турнир во Торонто, четвртфинале на US Open.
Најдобар рејтинг: 7. место
Актуелен рејтинг 70. место
Победи над Топ 10 играчи: 12
Швајцарката со словачко потекло во 2014 година стигна до четвртфиналето на US Open победувајќи две од десетте тогаш најдобри тенисерки на светот. Во 2015-та ја освои првата титула во WTA, а потоа во Торонто совлада четири тенисерки од Топ 10 и го крена пехарот. Следната 2016-та влезе во Топ 10.
Потоа и почнаа проблеми со повредите поради кои Белинда пропушти две третини од сезоната 2016 и речиси цела 2017-та. Денес таа е нестабилна на теренот: на пример на Australian Open ја победи минатогодишната финалистка Венус Вилијамс, а потоа изгуби од Локсика Кумкхум од Тајланд.
Белинда е од оние тенисерки кои играат подеднакво добро со двете раце, има одличен контранапад и брзо ја менува страната. Секако дека не е Мартина Хингис но играчки интелект не и фали. Некогаш зборуваа дека ќе биде прв светски рекет, но сега најважно е да ја врати стабилноста.
Ана Коњух
Достигнување: една WTA титула, четвртфинале на US Open.
Најдобар рејтинг: 20
Актуелен рејтинг: 88
Победи над Топ 10: 3
Коњух, родена Дубровчанка е уште еден член на генерацијата 97’. Таа е помалку успешна верзија на Бенчиќ. На 16 години ја завршила јуниорската кариера и преминала меѓу возрасните. Во 2015-та ја освоила првата титула, а во 2016-та стигна до четвртфинале на US Open. А потоа повреди, повреди, повреди, повреди.
За последните шест месеци, 20-годишната Хрватка имала две операции (една на грбот а неодамна и на едниот лакт). Сега и натаму се опоравува од повредите но има огромна сила кога е на теренот и во догледно време би можела да се приклучи кон врвот.
Дарја Касаткина
Достигнувања: една титула и три WTA финалиња
Најдобар рејтинг: 11 место
Актуелен рејтинг: 12 место
Победи над Топ 10: 10
Русинката е предводник на оваа генерација 1997 зошто учествуваше во двата колективни пробои на генерацијата. Минатата година прва од оваа група девојки освои WTA титула во Чарлстон кога ја победи Остапенко.
Во моментов важи за најперспективна тенисерка на своја возраст која што мора да се докаже и на сезона на земја. Касаткина годинава има веќе две финалиња и пет победи над тенисерки од Топ 10. На земја мора да ја подобри својата игра ако сака да оди кон врвот.
Алена Остапенко
Достигнувања: две титули од кои една на славниот „Ролан Гарос“
Најдобар рејтинг: 5 место
Актуелен рејтинг: 5 место
Победи над Топ 10: 8
Безусловно една од најталентираните млади тенисерки на светот која на само 20 години и 2 дена освои Гренд Слем титула. Нејзината победа на Ролан Гарос беше неочекувана но никако случајна.
Иако годинава испадна во првото коло во Париз, Летонката остана во Топ 10 затоа што освои многу поени на други турнири. На пример минатата недела во Мајами стигна до финалето. Остапенко има неверојатни движења и таа е спремна да ја уништи противничката со силни удари. Не се плаши од никого и од ништо.
Наоми Осака
Достигнувања: Титула во Индијан Велс и уште едно WTA финале.
Најдобар рејтинг: 21 место
Актуелен рејтинг: 21 место
Победи над Топ 10: 4
Јапонката го доби големото финале на нејзината генерација кога во Индијал Велс ја победи Касаткина. Тоа беше нејзина прва титула во кариерата: не играла во јуниорскиот тур а во ITF често губела.
Наоми заиграла тенис поради една сестрите Вилијамс кои и се идоли и таа има слична игра како нив: силна, моќна, спремна да удира широко по целиот терен. Во март Осака ги скроти Шарапова, Плишкова, Халеп па дури и Серена.