После фудбалот во неколку земји, на сцена полека се враќа и тенисот. Иако најголемите светски тениски турнири се одложени на неопределено време, некои помали се играат.
Во Прага на „Сè Чешкиот тунир“ играат најдобрите тенисерки од оваа земја, меѓу кои и 12-рангираната на светската WTA листа, Петра Квитова, 26-от и 31-от женски рекет на светот Каролина Мухова и Барбора Стрицова и други.
Во четвртфиналето Квитова со 7:6, 6:2 ја совлада Барбора Крејчикова а во полуфинале се пласираа уште и Катерина Синјакова која беше подобра од Луција Градецка со 6:3, 6:4, Барбора Стрицова (6:1, 7:5 против Линда Фрувиртова) како и Каролина Мухова која ја совлада Кристина Плишкова 6:3, 6:4.
Чешка до денешен ден, според податоците од Jonhs Hopkins University има регистрирани 9.052 случаи од кои 317 починати од КОВИД-19.