#Gold moment. @MonicaAce93 pic.twitter.com/R155UU1AMC
— Nikk (@NikolaAjdeAna) August 13, 2016
„Го посветувам златото на мојата земја. На Олимпијадата главна не сум јас туку Порторико, и знаев колку сите силно сакаа да победам. Кај нас на островот има многу лоши вести, така што кога некој освојува медал на Игрите верувам дека работите ќе се сменат. Поради тоа овој успех не е само мој“, изјави Пуиг по сензационалниот триумф над фаворизираната Кербер.
„Ќе одам на Олимпијадата и ќе имам прилика да се борам за медал“, кажа тогаш Порториканката и ги насмеа присутните кои сомневаа во нејзините квалитети. На крајот испадна така и Моника освои златен историски медал.
Годинава Моника Пуиг го играше само второто ВТА финале во кариерата (во Сиднеј загуби од Светлана Кузнецова) и успеа да влезе во Топ 30 на ранг листата што беше нејзин личен рекорд. До златото стигна откако победи две тенисерки од Топ 5 (Кербер и Гарбин Мугуруза, Шпанката со 6-1; 6-1) и стана најнискорангираната тенисерка во историјата на Олимписките Игри (34 досега).
Пуиг не е само талентирана тенисерка, туку е и по сопствено признание сензуална писателка:
„Дајте ми пенкало и лист и веднаш почнувам да пишувам нешто. Имам талент за пишување и го сакам. Се трудам да не подлегнам на емоциите, но невозможно е да се побегне од нив, така што на крајот излегува се на површина. Како шише Кока-кола, треси го, треси го и на крајот ќе експлодира. Само јас се трудам да не експлодирам пред време“, вели симпатичната Пуиг.