Поранешна француска министерка за спорт го обвини Надал за допинг

Рафаел Надал во 2013-та година имаше специфична повреда поради која не играше седум месеци, но ние знаеме дека тој беше позитивен на допинг тест и тоа се криеше од јавноста, изјави Роселин Башело министерката за здравје и спорт на Франција.

Шпанскиот тенисер беше еден од ретките којшто го осуди потегот на Марија Шарапова за користење на забранети супстанци (повеќето ѝ пружија поддршка). Русинката е суспендирана, а Надал изјави дека таа мора „да плати“ поради тоа.
 
Еден ден подоцна од Париз стигнува нов земјотрес во тенискиот свет. Поранешната француска министерка за здравје и спорт, Розелин Башели отворено со прст покажа кон Рафаел Надал и го обвини поранешниот светски број еден дека паднал на допинг тест пред три години.
 
„Во тенискиот свет не се објавува јавно кога некој е фатен во користење допинг, ниту пак колкава казна добил, а сè се дознава кога играчот изненадно не се појавува неколку месеци на турнирите. Рафаел Надал во 2013-та година ја имаше таа „специфична повреда“ поради која отсуствуваше цели седум месеци, но ние знаеме дека тој беше позитивен на допинг тест“, изјавила Башело во телевизиско интервју за каналот Гранд 8, а пренесува шпанскиот АС.
Розелин Башело беше министерка во кабинетот на францускиот премиер Николас Саркози. Инаку за Надал никогаш јавно не се потврдиле тврдењата дека бил позитивен на допинг, но тој бил сомнителен во Франција во 2011-та година.
 

Поранешниот француски тенисер Јаник Ноа објави статија во Ле Монд во која пишувал за допингот на Рафа Надал. После овој текст француската јавнсот долго се занимаваше со нелегалното користење недозволени средства во белиот спорт.

Надал во меѓувреме одговори дека тој бил многу далеку од допинг и дека никогаш не користел супстанци за да ги подобри неговите перформанси или пак побрзо да се врати од повреда.

„Никогаш не направил ништо такво. Далеку сум од допингот. Не правам, никогаш не сум направил и нема да направам. Слушнав неколку пати дека ме поврзуваат со допинг, и малку сум изморен од тоа. Јас сум комплетно чист. Кога се повредував, никогаш не сум земал нешто да се вратам побрзо", изјави 29-годишниот 14-кратен Грен Слем шампион.