Фудбалери ширум светот ги поддржаа угнетените Палестинци

Во судири кај Западниот Брег кои ескалираа претходниве денови, настрадале Палестинци и припадници на израелската армија. Во знак на солидарност со палестинскиот народ, некои фудбалски клубови организираа активности.

Романската лига често нуди комедија, но има и моменти на пораки со подруг контекст.

Махмуд Ал Мавас е 28-годишен Сириец кој игра за Ботошани во Романија. Овој тим славеше гостинска победа 2:3 над КСУ Крајова и тоа со играч помалку. На овој меч Сириецот Ал Мавас постигнал гол и го прославил така што клекна на колена со раце зад грб со што симболизираше угнетен човек.

Така ги поддржал Палестинците кои настрадаа во дејствија на израелската војска и полиција во Ерусалим.

ШТО СЕ СЛУЧИЛО?

Нереди избиле по уште еден обид на државата Израел да исели неколку палестински семејства од реонот Шејх-Џар во Источен Ерусалим. Уште една од причините на протестите на Палестинци била одлуката на градските власти да не им дозволат на муслиманите за време на поворката по повод Денот на Ерусалим да не одат на Ридот на храмовите, религиозен објект во Стариот град во Ерусалим, најсвето место за јудаизмот и трето најсвето место во исламот.

Во последните неколку дена повеќе од 20 Палестинци загинале, стотина биле повредени, а повеќе од 20 израелски полицајци биле ранети во судирите во близина на џамијата Ал-Акса, едно од најважните места за муслиманите. 

За Евреите тоа место исто е свето и тие често одат таму во близина на поклонување.

Според податоците на хуманитарната организација Палестинска Црвена полумесечина, во нередите настрадале повеќе од 270 Палестинци.

Проблемите продолжиле и во понеделникот наутро кога Палестинци со камења фрлале по полицијата која одговорила со шок бомби, солзавец и гумени куршуми.

ПОРАКИ ЗА МИР И ОД СВЕТОТ НА ФУДБАЛОТ

Гестот на центарфорот на романски Ботошани, Сириецот Ал-Мавас не беше единствена реакција.

Катарските клубови Ал Сад и Ал Араби пред полуфиналето на Купот на Емирот, излегле на терен обвиени со палестинска куфија (машка марама) и со парола со натпис: „Палестина во нашите срца“.

Палестинците добија поддршка и од клубот Депортиво Палестино во Чиле, клуб основан во 1920-та година од дојденци од Палестина. Пред мечот со Коло Коло во најдобрата лига на Чиле, фудбалерите на Депортиво Палестино облекле палестинска куфија.