Го отспавме, ама некако уште не ги легнува тоа што се случи синоќа на гостувањето против Романија. Ги имавме уште во прво со куп шанси, ги имавме и во второ со два гола во две минути. Неприфатливи се овие 3:2, затоа што бевме подобри и затоа што не е ова старата Романија што ја знаеме.