Синоќа во лудиот меч од Лига Европа португалска Брага водеше со 0:2 против Ренџерс на гости, но домаќините направија целосен пресврт. Јанис даде два гола од кој вториот од слободен удар во 82’ минута. Ајброкс полуде од славење.
Првиот гол на Хаџи-јуниор:
Вториот за победа 3-2:
На „Ајбројкс“ бил присутен и Георге Хаџи кој го гледал мечот во живо и покрај тоа што викендов го чека клучен меч во борбата за пласман во плејофот со неговиот клуб Виторул Констанца, клуб кој Хаџи го основа и неколку години го води како тренер.
За „сините“ од Глазгов малиот Хаџи дебитираше на 1 февруари во ремито 0:0 со Абердин, а само четири дена подоцна заигра од почеток (на денот на роденденот на татко му Георге) и го постигна победничкиот гол за 2-1 во 86’ минута против Хибернијан, победа која го остави Ренџерс во драматична трка за титулата со ривалот Селтик:
A New Star Is Born,Name Is: @IanisHagi10 ! pic.twitter.com/16oixLdtnS
— Daniel Mercuta (@DMercuta) February 20, 2020