Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.
Најголемиот бисер на романскиот фудбал, Јанис Хаџи, кој блесна на младинското Евро У-21 беше мета на најголемите европски клубови, но се реши да потпише со белгиски Генк. Претставник е на академијата на легендарниот Георге кој му е татко.
Легендата на романскиот фудбал, Ѓеорѓе Хаџи не заборавил на фер-плејот од играчките денови. Како тренер на Витолул минатиот викенд на мечот против Астра Џурџиу му нареди на својот играч Бензар Ромарио да стане и да не глуми.