Ренџерс игра неверојатна сезона под водство на легендарниот капитен на Ливерпул. Тимот од Глазгов во 31 коло во Шкотска е непоразен. Има 27 победи и 4 нерешени со страшни 18 бода предност пред Селтик. Синоќа го совладаа Ливингстон на гости 0-1, ама на полувреме Џерард беше исклучен поради приговор.
Славниот шкотски клуб кој повеќе од една деценија не можеше да се опорави од финансиски проблеми и секогаш беше во сенка на смртниот ривал Селтик, сезонава го води орото во Шкотска благодарение на легендарниот Џерард.
Ренџерс ја отвори сезоната во Лига Европа со победа од 0-2 на гости кај Стандард Лиеж. Стивен Џерард од клупата беше сведок на еден гол каков што стварно многу ретко се гледа. Кемар Роф ја потврди победата со погодок за најавни шпици.
Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.
Стиви Џи не се зафркава. Сериозно е намерачен на Ренџерс да му ја донесе првата шампионска титула уште од 2011-та година колку што ја чека сината армија од Глазгов. Лани го совладаа Селтик на „Ајброкс“ и покажаа дека можат да се носат со ривалот. Сега го добија на гости.
Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
Првпат после цели 13 натпревари Ренџерс успеа да го победи најголемиот и најомразен ривал Селтик со 1-0 со голот на Рајан Џек. Последна победа во првенството им беше во март 2012, а последен пат надвор од регуларните 90 минути, на пенали победија лани во 2016 во полуфиналето од купот на Шкотска. Сега имаат исто бодови на врвот но Селтик има меч помалку.
Самостојната тренерска кариера на Стивен Џерард трае околу пола година, но Стиви е неверојатно ладнокрвен на прес конференциите. Како да има 30 години тренерска кариера.
Најтрофејниот шкотски тим, Глазгов Ренџерс има удобно водство во 4-та лига и нивната промоција во повисок ранг не е доведена во прашање, но сепак нивните навивачи не им дозволуваат на фудбалерите премногу да се опуштат.
Најтрофејниот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс во моментов игра во 4-та лига, но се уште му ги замрсува сметките на најголемиот ривал Селтик и му понуди помош на Јувентус пред нивниот дуел во Лигата на шампиони.
Челниците на 54-кратниот шкотски шампион Глазгов Ренџерс пројавија желба да го преселат клубот во Англија, а доколку не им биде дозволено, тие во Стразбур ќе тужеле за полова дискриминација.
Прославениот шкотски клуб кој оваа година заради банкрот беше исфрлен во најнизок ранг, постави нов рекорд со 49.463 гледачи на натпревар од 4-та лига.
Можеби е незамисливо за Македонија и некој очекуваше фузија ала Вардар-Миравци, но во Шкотска тоа навистина се случи. Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е исфрлен од Премиер лигата.
Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е изоставен од распоредот на шкотската лига за следната сезона и му се заканува исфрлање од лигата и одземање на титули.
Викендов во Шкотска се одигра „Олд фирм" дербито помеѓу Ренџерс и Селтик. На натпреварот паднаа пет гола, но како што и се очекуваше, беа покажани и три црвени картони. Дербито на Глазгов е многу повеќе од фудбал, многу повеќе од спортско ривалство.