Глен Камара е фудбалер на Ренџерс. Има 25 години, роден е во Финска од родители кои се од Сиера Леоне. Кариерата ја почнал во помали фински клубови, а во 2011 оди во англиските Саутенд и Арсенал.
Од јануари 2019-та е во Ренџерс.
Тој, понесен од британските таблоиди и јавноста, влезе во конфликт со чешки навивачи и чешки фудбалски клубови.
Во 2020-та после мечот на Ренџерс против Славија Прага, тој ги обвини чешките фудбалери за расизам. Се крена голема прашина а УЕФА подели неколку казни. Најголема доби фудбалерот Ондреј Кудела кој наводно расистички го навредил Камара. Тој беше суспендиран на 10 меча и мораше да го пропушти и Евро 2020.
Од тој момент дел од навивачие во Чешка застанаа во одбрана на Кудела, а Камара стана непријател број 1 меѓу нив.
После пола година, Камара и Ренџерс одново се соочија со чешки клуб. Овојпат против Спарта Прага, во 2. коло на Лига Европа.
УЕФА во меѓувреме ја казни и Спарта Прага поради тоа што наводно некои гледачи го навредувале расистички Орељен Тучамени, фудбалер на Монако. Му свиреле и извикувале крици на секој контакт со топката, констатираше УЕФА која првично ги казни да играат без публика, а после дозволи присуство на деца до 14 години.
Во четвртокот вечер децата присутни на стадион го исвиркувале и урлале на секој контакт на Глен Камара со топката. Други деца држеле банер со натпис „Кудела тим“:
На крајот Спарта Прага победи со 1-0 со гол на Давид Ханцко а Глен Камара доби втор жолт картон, автоматски црвен картон во 74’ минута и го напушти теренот.
Сега повторно тргна познатата англиска лавина обвинувања и барања од УЕФА да ја суспендира Спарта Прага. Тренерот на Ренџерс Стивен Џерард отворено после мечот изјавил дека „ова место е познато по такви испади и побарал драстични казни“ во заштита на својот играч.
"I'm not surprised. We're playing behind closed doors, apparently, for a reason.
— Football on BT Sport (@btsportfootball) September 30, 2021
"It's not the first time there have been issues in this place. The powers that be don't do enough."
Steven Gerrard on reports Glen Kamara was routinely booed in Prague.
🎙 @Sports_EmmaD#UEL pic.twitter.com/wWBBUYy2le