Таг: славија прага

Податок кој може ќе ви се најде за во кладилница

Екипи како Ливерпул, Интер и Баер Леверкузен сезонава имаат по еден пораз во првенство, Наполи и Реал по два, Барса три, Сити четири. Излезе статистика од топ 9 лигите, од единствените екипи кои немаат загубено натпревар. Јуве како претплатен на реми.

Чешка фудбалска увертира со италијански звуци

Славија Прага е најстар клуб во Чешка кој постои 131 година, втор најтрофеен од независноста на земјата, како и многу добро организиран и забавен за публиката. Погледнете го воведот пред градското дерби против Спарта Прага. Девојките ја свират славната „Sarà perché ti amo“, а навивачите ја возат со нив.

УЕФА пушти деца на трибини, а децата во Прага го исвиркуваа Камара

Чудни сцени во Чешка, на стадионот „Џенерали Арена“ во Прага илјадници деца му дадоа нова епизода на случајот „Камара-Кудела“.

А ние па мислевме дека сè сме виделе

Чешкиот гигант Славија Прага со рекордни 10:3 го победи третолигашот Карлови Вари во осминафинале на Купот на Чешка. Ама од сите 13 гола најинтересен беше вториот погодок на гостите преку стоперот Лудвик Тума по еден корнер. Невиден досега.

Трансфер на чешки фудбалер во Вест Хем ќе му донесе 2 милиони евра на четвртолигаш

Ако не сте слушнале за Слован од малото место Хавличкув Брод со 23.723 жители во Чешка не е страшно. Се работи за клуб од четврта лига на оваа земја којшто летово заработи 2,1 милион евра - повеќе пари од дури 15 од вкупно 16 суперлигаши во Чешка.

Соблекувалната на Барселона во Прага полна ѓубриште

Фудбалерите на шпанскиот шампион некако ја пребродија Прага каде со 1-2 потешко од очекувањата ја совладаа Славија. А после мечот соблекувалната ја оставиле руинирана со лушпи од банани, фрлени цели банани, пластични шишиња и чаши, бадеми, семки, чоколадни шејкови.

Најјак сум, му ја земав на Меси

Одбраната на Славија Прага синоќа имаше пеколно тешка задача, бидејќи гостинот во ЛШ по име Барселона им тргна во напад со триото Меси-Суарез-Гризман. Погледнете ги овие радости на нивниот дефанзивец Давид Ховорка, не затоа што му ги зема, туку само му исфрли две топки на Меси.

Има автоголови и „автоголови“

Работите во чешкиот фудбал веќе пар години се многу сменети. Спарта Прага веќе не е апсолутно доминантна над градскиот ривал Славија која има сериозно богати кинески сопственици, игра Лига на шампиони (го водеа Интер на гости до 92-ра минута) и која викендов со 0-3 ја прегази Спарта на гостински терен.

Најискрена можна реакција на луѓето од Славија Прага за ждрепката

Беа во четвртиот шешир и за очекување беше да им падне група со многу фаворити. А им падна најтешката, со Барселона, Борусија Дортмунд и Интер. Еве ја реакцијата на луѓето од чешкиот клуб кога го извлекоа нивното име.

Луд фото финиш на Валенсија, Арсенал рутински со Наполи

Со три гола и една асистенција на Жоао Феликс, најбараниот млад играч во Европа во моментов, Бенфика го победи Ајнтрахт и му ја прекина серијата од дури 14 меча без пораз.

Неверојатен гол на Ел Хадади во Лига Европа

Првиот меч меѓу Севиља и Славија Прага во 1/8 финалето на Лига Европа заврши 2-2, а на реваншот во Чешка Мунир Ел Хадади израмни на 2-2 со неверојатен гол.

Интер игра подобро без Икарди, детето на Челси конечно заигра и даде гол

По очајните игри, случајот со Икарди како да ги подразбуди фудбалерите на Интер кои газат во Европа. Сари попушти под притисок и му даде шанса на малиот Хадсон-Одои кој му врати со убав гол против Малме.

Голман, да не си пивнал?

На белгиски Генк не му требаше многу за да го отвори резултатот на реваншот со Славија Прага. Кум на тоа водство беше гостинскиот голман Колар кој направи голема глупост по што Тросар лесно даде гол.

Чешкото првенство никогаш не било интересно како сега

Во чешката лига отсекогаш играа млади чешки фудбалери, постари пред крај на кариерата, многу Словаци, по некој Србин и Хрват како и некој играч од Африка. Но работите денес се многу сменети на популаризација на чешкиот фудбал.