Соблекувалната на Барселона во Прага полна ѓубриште

Фудбалерите на шпанскиот шампион некако ја пребродија Прага каде со 1-2 потешко од очекувањата ја совладаа Славија. А после мечот соблекувалната ја оставиле руинирана со лушпи од банани, фрлени цели банани, пластични шишиња и чаши, бадеми, семки, чоколадни шејкови.

Барселона секогаш строго води сметка за тактичките тајни, но овојпат дури и составот на Валверде напишан на лист со формациски решенија бил фрлен на земја:

 

25 октомври 2019 - 14:33