Пред пар години Славија Прага, легендарниот ривал на Спарта, ја купија Кинези и ситуацијата се смени на подобро. Во лигата дојдоа неколку горе-долу познати фудбалери кои до неодамна играа во најсилните лиги.
Ниту останатите клубови од земјата не се устручаваа да регрутираат познати играчи, така што чешката фудбалска лига ќе биде далеку поинтересна за следење отколку во минатото. Притоа Славија после долги години ја освои титулата и игра во квалификациите за Лига на шампиони.
Рио Мавуба, Спарта Прага, 33 години, среден ред
431 меч, 6 голови во Лига 1 и Примера за Бордо, Виљареал и Лил. 13 настапи за репрезентацијата на Франција.
Жонатан Биабиани, Спарта Прага, 29 години, крило
188 меча, 22 гола во Серија А за Парма, Интер и Сампдорија. Извесно време француски репрезентативец во У-21.
Жорж Манджек, Спарта Прага, 28 години, полушпиц
81 меч, 3 гола во Бундеслига и Лига 1 за Штутгарт, Рен, Оксер и Мец. 32 меча и 1 гол за репрезентацијата на Камерун. Освојувач на Купот на Африка.
Марк Јанко, Спарта Прага, 34 години, напаѓач
Играше за Твенте, Порто и Базел. Постигна дури 28 гола на 63 меча за репрезентацијата на Австрија.
Раслан Ротан, Славија Прага, 35 години, среден ред
Финалист на Лига Европа со Днипро. 93 меча, 8 гола за репрезентацијата на Украина.
Мирослав Стох, Славија Прага, 27 години, крилен напаѓач
Играше во Челси, Твенте и Фенербахче. Има 55 меча и 6 гола за репрезентацијата на Словачка.
Дани, Славија Прага, 34 години, полушпиц
Играше за Динам Москва и Зенит, го освои Супер Купот на УЕФА. Има 37 меча и 4 гола за репрезентацијата на Португалија.
Халил Алтинтоп, Славија Прага, 34 година, среден ред
Можеби најискусен од сите на листава. Има 351 меча и дури 67 гола во Бундеслига за Кајзерслаутерн, Шалке, Ајнтрахт и Аугзбург. За Турција досега одигра 38 меча и даде 8 гола.
Андреас Иваншиц, Викторија Плзен, 33 години, полушпиц
153 меча и 26 голови во Бундеслига и Примера за Мајнц и Леванте и 12 гола на 69 меча за репрезентацијата на Австрија.
Михал Кадлец, Спарта Прага, 32 години, стопер
128 меча и 8 гола во Бундеслига за Баер Леверкузен. 67 меча и 8 гола за репрезентацијата на Чешка.
Томаш Росицки, Спарта Прага, 36 години, среден ред
319 меча и 39 гола во Бундеслига и Премиер лига за Борусија Дортмунд и Арсенал. 105 настапи има со 23 гола за Чешка Република.
Томаш Хобшман, Јаблонец, 35 години, полушпиц
Освојувач на Куп на УЕФА со Шахтор Доњецк, има 57 меча и 1 гол за репрезентацијата на Чешка.
Милан Барош, Баник, 35 години
146 меча, 35 гола во Премиер лига и Лига 1 за Ливерпул, Астон Вила, Лион и Портсмут. За Чешка даде неверојатни 41 гол на 92 меча.