Таг: чешки фудбал

Тотален фудбал, чешка верзија

Бохемианс - Дукла Прага, прва чешка лига. Среќа што снимката трае 25 секунди, инаку да е 2 минути, глава ќе ве фркне. Јохан Кројф во гроб се превртува.

А ние па мислевме дека сè сме виделе

Чешкиот гигант Славија Прага со рекордни 10:3 го победи третолигашот Карлови Вари во осминафинале на Купот на Чешка. Ама од сите 13 гола најинтересен беше вториот погодок на гостите преку стоперот Лудвик Тума по еден корнер. Невиден досега.

Во Европа веќе (ќе) се враќа публиката на стадионите

Фудбал со ограничен број на гледачи на трибините се игра во Чешка, во Србија, а наскоро најверојатно и во Шпанија, Италија, Германија и Полска.

Во Чешка фудбал се гледа од коли на паркинг со пиво и хот-дог

Во средата се врати и фудбалското првенство на Чешка. Дербито на колото се играше во Прага каде Спарта ја пречека Викторија, но поинтересно беше во Плзен.

Судбината на Чех да брани против клубот кој го лансираше и на кој му најде голман

Арсенал даде гол во 3’ минута на гостувањето кај Рен и потоа прими три од клубот со кој голманот на „топџиите“ е многу приврзан.

Чешкото првенство никогаш не било интересно како сега

Во чешката лига отсекогаш играа млади чешки фудбалери, постари пред крај на кариерата, многу Словаци, по некој Србин и Хрват како и некој играч од Африка. Но работите денес се многу сменети на популаризација на чешкиот фудбал.