Клубот ги повикал своите навивачи да го прослават рестартот на лигата во автомобилски кино-театар. Натпреварот бил прикажан на голем видео-бим, а навивачите првпат после долгиот карантин се собрале заедно на паркинг во своите коли.
Викторија Плзен секоја година организира вакви собири за заедничко следење на гостинските натпревари од паркингот на домашниот стадион.
„Навивачите не можат да нè поддржат нас на стадион, па затоа предложивме ваква алтернатива“, вели Вацлав Ганзлик, портпарол на Викторија Плзен.
Стотици сопственици на сезонски карти имале свое место на паркингот каде имало околу 150 места. Во секоја кола имало по двајца-тројца навивачи.
Интересно, на секој што дошол му врачиле сувенири, а на некои места организирале и продажба на пиво, хот дог, како и пијалаци од спонзорите на настанот Pepsi и Lays.
Присутните биле советувани да останат внатре во своите автомобили и да ја одржат социјалната дистанца. Но Викторија Плзен победи 1:2 па навивачите не издржале да не излезат и запеат.
Исто беше и во Прага каде домашните навивачи се собраа да ја бодрат Спарта од паркинг