Освојувачот на рекордни 54 шампионски титули заради финансиски проблеми мораше да се пресели во шкотската четврта лига, но со најавени промени во домашното првенство, тие би можеле да останат таму и следната години без разлика на остварениот успех.
Ако бидат усвоени промените во шкотскиот фудбал, претседателот на Ренџерс се закани дека ќе го пресели клубот во Англија. УЕФА им дозволува на женските фудбалски клубови да се натпреваруваат во други земји, па доколку на нив тоа не им биде дозволено, тие ќе тужат во Стразбур заради полова дискриминација.
„УЕФА дозволува заедничка женска лига на Белгија и Холандија. Ако нас некој ни забрани да настапуваме надвор од нашите граници, тугаш ќе тужам во Стразбур за полова нееднаквост."
„Кардиф и Свонси играат во Англија. Како може тоа да им е дозволено на клубови од Велс, а не и на шкотски клубови?", изјави претседателот на Ренџерс, Чарлс Грин.