Оваа сезона заради финансиските проблеми по административен пат Глазгов Ренџерс беа исфрлени во четврта лига каде во моментов имаат огромно водство од 21 поен.
По 30 одиграни натпревари овој викенд Ренџерс имаа шанса со победа да обезбедат пласман во 3-та лига но само ремизираа со Стирлинг Албион на домашен терен и на последните 3 натпревари Ренџерс освоија само 4 поени.
Глазгов Ренџерс има освоено 54 титули од домашното првенство, што е најмногу од било кој друг клуб, па нивните навивачи не им дозволуваат на фудбалерите да си поигруваат со реномето на најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот.
На последниот натпревар против Стирлинг Албион тие истакнаа транспарент со порака „Помалку твитање, повеќе тренинг".
Оваа порака следеше откако по поразот од анонимната екипа Анан, навивачите на Ренџерс преку Твитер влегоа во конфликт со фудбалерите кои посветуваат премногу време на твитање и ја опишуваат секоја нивна активност во слободно време.