Ова не е гол за награда Пушкаш, мајсторијава на Руф е за повеќе

Ренџерс ја отвори сезоната во Лига Европа со победа од 0-2 на гости кај Стандард Лиеж. Стивен Џерард од клупата беше сведок на еден гол каков што стварно многу ретко се гледа. Кемар Роф ја потврди победата со погодок за најавни шпици.

„Професионално се занимавам со фудбал од 1998-ма година, и ова е најдобриот гол кој сум го видел со свои очи. Да се даде гол од 50 метри треба сила, поглед на теренот и техника. Не мислам дека сум видел некогаш или дека ќе видам подобар гол од овој“, изјави Стивен Џерард после мечот.

 

22 октомври 2020 - 21:49