Во Шкотска после многу години има сериозна интрига за титулата: Стивен Џерард и Ренџерс го победија Селтик на гости 1:2 и сериозно претендираат за шампионскиот трофеј.
Ренџерс сега има 2 бода помалку но и 1 меч помалку од лидерот Селтик.
Овој триумф стана прва победа на Ренџерс против омразениот ривал после 7 години и прва на „Селтик Парк“ после 9 години!
Олд Фирм беше како и секогаш, лудачки. Селтик не искористи пенал, а Рајан Кент (дете на Ливерпул) ги доведе гостите во водство. Домаќинот израмни, но Хрватот Никола Катиќ во продолжение од мечот ги постави конечните 1-2 иако Ренџерс во финишот играше со 10 играчи поради вториот жолт и автоматски црвен кој го доби најдобриот играч, Алфредо Морелос поради симулација.
Хајлајтс од мечот:
Играч на мечот беше Хрватот Борна Баришиќ кој сезонава од лев бек има 13 асистенции на 27 меча во сите натпреварувања.
Џерард одлично го води Ренџерс, клуб кој сериозно се бори за титулата првпат после 2011-та година. Интересно, Селтик имаше 15 победи по ред на „Селтик Парк“ во сите натпреварувања, а од домашен ривал во Шкотска не изгубеил од мај 2018 година.
Во 2012-та Ренџерс беше исфрлен во третата шкотска дивизија (четврта лига во хиерархијата) поради стечај заради долгови. Ренџерите од „Ајброкс“ се вратија во Премиер лигата во 2016-та година, а лани станаа вице-шампиони под водство на Џерард.
Радоста на Џерард после мечот: