Таг: шкотска премиер лига

И Стивен Џерард знае да биде пис на јазик

Ренџерс игра неверојатна сезона под водство на легендарниот капитен на Ливерпул. Тимот од Глазгов во 31 коло во Шкотска е непоразен. Има 27 победи и 4 нерешени со страшни 18 бода предност пред Селтик. Синоќа го совладаа Ливингстон на гости 0-1, ама на полувреме Џерард беше исклучен поради приговор.

Господинот Стиви Џи растура со Ренџерс

Славниот шкотски клуб кој повеќе од една деценија не можеше да се опорави од финансиски проблеми и секогаш беше во сенка на смртниот ривал Селтик, сезонава го води орото во Шкотска благодарение на легендарниот Џерард.

Ренџерс го победи Селтик на гости првпат после 9 години, Џерард полуде од среќа

Стиви Џи не се зафркава. Сериозно е намерачен на Ренџерс да му ја донесе првата шампионска титула уште од 2011-та година колку што ја чека сината армија од Глазгов. Лани го совладаа Селтик на „Ајброкс“ и покажаа дека можат да се носат со ривалот. Сега го добија на гости.

Прослава број 1 додека му дофрлаа од публика

Еден од оние беламиевски луди напаѓачи кои нема проблем да се степа во паб ако некој го закача. Крис Бојд, шкотскиот центарфор во кариерата играше за Килмарнок, Ренџерс, Мидлзборо, Ешкишехирспор и Портланд. Еднаш како фудбалер на Килмарнок на мечот против Абердин дава гол од пенал и зафркава некој дебел противнички навивач.

Како Глазгов Ренџерс се врати од пеколот?

Спасот на Ренџерс не е чудо, туку пример за тоа како некои прави вредности во фудбалот на крајот победуваат. Шкотскиот клуб вечерва во првиот меч од плејофот за Лига Европа ќе игра против рускиот клуб УФА на својот „Ајброкс“ со цел да се врати во еврокуповите.

Од крајност во крајност во шкотскиот фудбал

Колку е досаден на теренот, шкотскиот фудбал толку е интересен на трибините. Така за време на мечот Гринок Мортон - Сент Мирен, гостинскиот дефанзивец од Кипар Стеиос Деметриу од трибините го погодија со чоколадце кое си го изеде. Во исто време бизарна ситуација на мечот Данфермлајн - Фалкирк во шкотскиот Чемпионшип, каде гостинските навивачи фрлаа протетички очи кон фудбалерот на домашните Дин Шилс на кој во 2006. година на 18 години му извадиле едно око.

Како заврши страшната серија на Селтик од 18 месеци без пораз

Во неделата во главниот град на Шкотска заврши непобедливата серија на Селтик од 69 меча по ред во домашните натпреварувања - со дебакл од Хартс 4:0.

Колку е 7+ за Селтик?

При секое доаѓање на Селтик на Камп Ноу, прогнозерите десно во билтенот ги бараат коефицентите за „седмица“, „петка“, „шестка“ свесни за тоа што го чека гостинот. Во првото коло од ЛШ во вторникот, Барселона со 7:0 го испрати шкотскиот шампион дома. За жал по „Детелините“, одамна поминаа времињата кога во Европа играа поинаку.

Трпение спасение на Глазгов Ренџерс

Во јули 2012. година славниот Глазгов Ренџерс поради банкрот испадна во 4-та лига. На 6. април 2016-та година Ренџерс обезбеди место во шкотската Премиер лига, а вчера во полуфиналето на шкотскиот ФА Куп на пенали го совлада смртниот ривал Селтик. Голот на МекКеј во продолжение беше посебно убав.