Славниот Селтик кој се пласираше во нокаут фазата од Лига Европа каде ќе игра против Зенит, во последните неколку месеци горчината на поразот ја чуствуваше само во еврокуповите.
Паралелно со Европа, во домашните натпреварувања „Келтите“ газеа и го срушија британскиот рекорд (претходниот беше исто нивен) и минатата пролет од минатата сезона ја заврши без пораз (34 победи на 38 меча во првенството и 30 бода разлика од второ пласираниот.)
Беше очигледно дека серијата на „Детелините“ порано или подоцна ќе заврши (шкотската Премиер лига е слаба но не толку), но никој не очекувал дека бесно ќе ги треснат од земја со 4:0!
Домашниот Хартс одигра одличен меч а играчите на Селтик многу грешеа во средината на првото полувреме и примија гол од 16-годишниот талент Хари Кокран. Другите голови ги постигнаа репрезентативецот на Северна Ирска Кајл Лаферти и два даде Србинот Мануел Милинковиќ.
Навивачите на Хартс им пружија огромна поддршка на своите играчи кои буквално летаа по теренот.
Селтик сруши уште една серија: Првпат не даде гол во шкотското првенство под водство на Брендан Роџерс. После мечот поранешниот тренер на Ливерпул признал дека противникот бил подобар но притоа им честитал и на своите играчи:
„Секогаш е тешко кога вака ќе се изгуби, но играчите треба да бидат горди. Ова беа неверојатни 18 месеци“.
69 средби во Шкотска без пораз (56 во шампионатот, другите во Куповите) е навистина многу но не е светстки рекорд. Рекордот од Гинис го држи романска Стеауа која што на крајот од ’80-те години не изгубила на 104 меча од првенството по ред!