Сегашниот селектор на Ирска, Мартин О’Нил почна да работи во Селтик во 2000. година и освои три титули со овој клуб во Шкотска. О’Нил го изгради своето име токму меѓу „Детелините“ кои во тоа време неа беа топовска храна за европските гиганти.
Еден од најдобрите напаѓачи во Европа на почетокот на 2000-те години, Швеѓанецот Хенрик Ларсон го предводеше нападот на Селтик.
Бугринот Стилијан Петров во Селтик дојде од ЦСКА Софија во 1999 година и со тимот освои 10 трофеи. Приказната за него тука.
Пол Ламберт помина 8 години во Селтик. Важи за еден од најдобрите фудбалери кои го носел зелено-белиот дред. Пред да игра во Селтик, со Дортмунд го победи Јувентус во финалето на Лигата на шампионите.
Актуелниот стручен коментатор на БиБиСи, Крис Сатон е еден од најдобрите стрелци во историјата на Селтик. Во сезоната 2003/2004 постигна 19 голови на 25 меча во првенството.
Крис Сатон во дуел со Јенс Јеремис од Баерн Минхен. Некои поубави времиња за европскиот Селтик.
Ренџерс - Селтик, април 2003. година. Во живиот ѕид на гостите стојат: Крис Сатон, Јос Валгарен, Џон Хартсон, Хенрик Ларсон, Алан Томпсон и Џеки Мекнамара. Под водство на Мартин О’Нил, Селтик дури 7 пати по ред победуваше во Old Firm Derby.
Најголемиот успех на Селтик во Еврокуповите тие години беше финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2002/2003. Противник им беше Порто на Жозе Мурињо.
На финалето во Севиља допатуваа 80.000 навивачи на Селтик. Тоа беше нивно прво евро-финале од 1970 година.
На Келтите не им помогнаа ниту двата гола на Хенрик Ларсон, затоа што по финалните 2-2, во продолженијата Дерлеи му донесе големо славје на Порто.
Првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите сезонава, не беше пријатно за Селтик кој налета на разгоропадена Барселона.
На новиот главен тренер на Селтик, Брендан Роџерс не му остана ништо освен да ги теши своите играчи на Камп Ноу.
Еве како Меси си поигруваше со Селтик во вторникот:
Lionel Messi vs Celtic
— infosmessi (@Infosmessi_) September 15, 2016
Just Messi things. pic.twitter.com/aEq42hvXdF