Стилјан Петров

Бугаринот кој излечи рак и леукемија и се врати во Астон Вила

Откако му открија леукемија, односно рак на крвните зрнца, Стилијан Петров долго време лежел во болница, не можел да ги види децата, ниту да помисли да се врати во фудбалот. Четири години после терапијата пак заигра за првиот тим на Астон Вила.

На крајот од март 2012. година, Астон Вила загуби на „Емирати“ од Арсенал 3:0. Играчот од средината на Вила, бугарскиот интернационалец го одигра целиот меч, доби жолт картон поради стартот над Микел Артета (сега помошник на Гвардиола во Сити), а после мечот бил однесен во болница поради симптоми на грип.
 
Стилијан имал грозница, треска и почнал брзо да чувствува замор. Резултатите од тестовите биле шокантни: акутна леукемија. Со други зборови, рак на крвта.
Сега веќе не било прашање на пропуштање неколку тренинзи или рано завршување на сезоната. „Со фудбалот е завршено, ова е крајот. Почнувам битка за својот живот и ќе се борам“, реагираше Петров по сознанието. На барање на The Telegraph, во редот луѓе кои застанале да му помогнат на Бугаринот бил и најпознатиот специјалист во областа на ракот во Англија, доктор Крис Банс.
Истовремено професор Банс како мошне високи ги оценувал шансите на Стилијан да се врати во нормален живот, Бугаринот бил во одлична физичка форма, а неговото здравје постојано го контролирал стручниот штаб на Астон Вила.
 
Професорот доктор Банс истакнал дека Стилјанм, најсаканиот играч на Селтик и Астон Вила, имал среќа во несреќа, затоа што статистички, во целата Британија за таа година биле регистрирани не повеќе од 200 случаеви на откривања на оваа болест на лица над 40 години (Петров тогаш имаше 34).
 
Леукемијата ја пронашле многу брзо, а во случајот на фудбалерот времето да се идентификуваат заразените крвни зрнца било од клучно значење. „Освен што ќе може да ја преброди оваа болест и да ја излечи, Стилијан повторно ќе биде во состојба да игра фудбал", оптимистички заклучил мистер Банс.

Бројот 19 (играчкиот број на Петров) станал симбол за навивачите на Астон Вила. На домашните средби на „Вила Парк" регуларно стануваа во 19 минута да аплаудираат во чест на Стилијан. Во Бугарија на 19. април во 19:00 часот по локално време на стадионот каде игра Бугарија симбилично се собраа повеќе илјади луѓе да го поддржат Петров. Целата акција траеше симболични 19 минути.
 

Пол Ламберт, поранешниот соиграч на Стилијан од Селтик, како тренер на Вила направи убав гест и ги остави Бугаринот како официјален прв капитен на тимот во сезоната 2012/2013. Петров го објави официјалното заминување во пензија само една година по веста за страшната дијагноза. Натпреварот Астон Вила - Челси беше добра прилика да се поздрави и да им се заблагодари на навивачите за поддршката. Пред натпреварите тој викенд, сите клубови во Премиер лигата му посакаа брзо оздравување на Стен (така го викаа во Англија) со маски со неговиот лик.

Глупаво е да се нагаѓа чија слика стоела тој ден на програмата за составите од мечот. Внатре имало и слика со бројот 19. Вила тогаш загуби 2:4, но никому не му беше до фудбал. Стилијан брзо се поправил и загубил влакна од косата (интензивната хемотерапија го правела своето). Бугаринот се симнал на теренот со два шала на него - од Астон Вила и од Селтик, двата главни и најсакани клубови во неговиот живот.

На почетокот Петров не знаел што подразбира третманот и искрено се надевал дека ќе трае не повеќе од шест месеци. Бил голем оптимист а покрај хемотерапијата земал и стероиди и се поправил за повеќе од 13 килограми.

Фактички тој никогаш не ја напуштал болничката соба, неговиот имун систем бил преслаб. Не ги гледал синовите и кога докторот му рекол дека е неопходно да заврши со фудбалот, Стилијан плачел цели три часа без престан. Не можел да се помири со тоа. 

„Не знаев каков пекол е тоа, а леукемијата е уште пострашна. Како играч секогаш се борите за место во тимот. Како човек - за својот живот. И тоа е најважно од се", се сеќава Бугаринот на тешкиот период.

Телото полека му се изборило, третманот минал во благ режим и Стилијан се вратил дома меѓу своите. Неговото среќно секојдневие се вратило и можел да ги носи децата во школо, да гледа филмови со нив и да си игра. Морал да ја смени диетата за да ги елиминира шеќерите, а посебно пржената храна му била строго забранета. Јадел овошје и зеленчук а посебно цвекло. Петров набрзо основал и фонд за борба против леукемијата, финансирал истражувања и поддршка на семејствата со ниски примања.

„Постојат деца и на другата страна од светот. Тие мора да се лекуваат овде во болницата во Бирмингем, но не можат да си приуштат. Нашата организација им помага", изјави фудбалерот.

Голема сума во добротворниот фонд се слеала после хуманитарниот натпревар од ревијален карактер меѓу „Селтик" и „Пријателите на Петров" на Селтик Парк. На мечот учествуваа: Димитар Бербатов, Џон Тери, Хенрик Ларсон, Пол Ламберт, Џејми Реднап, Пјев ван Хојдонк, Шеј Гивен, Кени Даглиш и Марин О'Нил. Имаше околу 60.000 гледачи кои ја згрмеа „You''ll never walk alone“.

По извесно време, околу 200 пати помалку луѓе дошле да го гледаат мечот меѓу Ваичел од лигата на централен Јоркшир за фудбалери 35+. Во 2014-та Стилијан Петров повторно почна да игра фудбал во дресот на овој клуб. Натпреварите го вратиле Стилијан во детството кога пред средбите на ЦСКА Софија станувал рано, доручкувал и не можел да дочека мечот да почне.

Во мај Вајчел го декласирал Астон Мејор со 6:0 и го освоил локалниот Куп. Петров постигнал гол и бил уверен дека оваа победа и медал е рамен на оној за учеството во финалето на Купот на УЕФА: „Луѓето зборуваа дека не можам да играм".

Но сега пак има шанса да ја шутира топката на високо ниво и да освои нешто слично. Во интервју за Mirror, Петров блескал од среќа: „Мојот помлад син, Кристијан кажа дека ова е првиот трофеј кој си го подигнал а јас да видам. Тој беше малечок кога играв во други финалиња", раскажал Бугаринот роден во Монтана.

Состојбата во Астон Вила веќе долго време е темна. Стоперот кој играше за Манчестер Сити, Џулиен Лескот постојано на друштвените мрежи навредува и идиотски се расправа со навивачите, постојат гласини дека Жорес Окоре одбил да тренира, капитеннот Габи Агбонлахор имаше непријатности по испаѓањето на клубот од Премиер лигата.

Пролетта во Бирмингем беше колапс, затоа што успехот на Лестер паралелно се гледаше со испаѓањето на Вила. Од август, еден од клубовите основачи на Премиер лигата ќе игра во Чемпионшип. За тренер е именувал Роберто Ди Матео кој го одведе Челси до пехар во ЛШ.

Според најавите сосема е возможно Вила и Њукасл да бидат меѓу главните фаворити за враќање а од помош на Ди Матео ќе му биде централниот играч за врска Стилијан Стен Петров. За овие четири години Бугаринот од Вила бил третиран мошне достојно. Прво, Пол Ламберт го викнал да му биде помошник тренер во работата со младите играчи. Тим Шервуд исто така немал ништо против вклучувањето на Петров во тренерскиот штаб. Наскоро Стилијан и самиот почнал да тренира со У-21 тимот на Астон Вила.

Сега Ди Матео го земал Петров со тимот на подготовките во Австрија во кампот на Вила. На првиот пријателски меч кој Англичаните го добија 8:0 против ГАК 1902 од регионалната лига, во второто полувреме се појавил и 37-годишниот Стилијан Петров кој прилично сериозно очекува да добие играчки договор и да им помогне на екипата да се врати во Премиер лигата.

Сопругата на Стилијан, Полина на Инстаграм споделила фотографија од мажот и напишала: „Тој ми кажа: Ти ветувам дека еден ден ќе ме видиш повторно како играм за Астон Вила. Тато никогаш не ги прекшрува ветувања и секогаш им зборуваше на малите: Никогаш не се предавајте, може да достигнете се ако работите напорно".