Таг: шкотски фудбал

Шкотска фудбалска романтика за една топка

Сторијава е нестварна и едноставно поинаква од сите други, без разлика што доаѓа од аматерски фудбал. Уствари тоа ја прави уште поуникатна.

Меси го нема направено ова во судиско продолжение

Крег Мекгафи од Гринок Мортон против Монтроуз, во полуфиналниот меч од плеј-офот за промоција во шкотскиот шампионат и тоа во последната минута од судиското продолжение. Мајсторлук за сите пари.

Автогол на годината во трета шкотска лига

Старите кладилничари сигурно го паметат Дамбартон, некогаш шкотски премиерлигаш, сега во тамошната трета лига. Во Европа викендов се зборува за овој клуб по смешниот автогол кој си го дадоа на мечот со Форфар дома. Пораз 0-1 по оваа комедија на голманот Ремсботом и стоперот МекГивер.

И Стивен Џерард знае да биде пис на јазик

Ренџерс игра неверојатна сезона под водство на легендарниот капитен на Ливерпул. Тимот од Глазгов во 31 коло во Шкотска е непоразен. Има 27 победи и 4 нерешени со страшни 18 бода предност пред Селтик. Синоќа го совладаа Ливингстон на гости 0-1, ама на полувреме Џерард беше исклучен поради приговор.

Смарт камера на фудбал во Шкотска место топката ја следела ќелавицата на линиски судија

Инвернес е клуб од шкотскиот Чемпионшип којшто за пренос на своите натпревари кои се играат без гледачи, користи смарт камера.

Во 1989-та Ренџерс првпат потпишал играч католик и се кренало востание

Едно од најжестоките ривалства во светот на спортот е она меѓу фудбалските клубови Ренџерс и Селтик од Глазгов. Повеќе од 100 години нивните меѓусебни средби носат неверојатен набој и тензија каква ретко каде во светот има. Зошто е така и од каде потекнува омразата?

И тоа има - шкотски клуб со Твитер анкета прашува дали да го задржи голманот

Шкотскиот фудбалски клуб Ливингстон, познат во овие краишта преку обложувалниците, реши да се консултира со своите навивачи околу останокот на еден од голманите во клубот

Како во Шкотска навивачи го спасија својот клуб

Шкотскиот Партик Тисл од тамошниот Чемпионшип (втора лига) сезоната 2019/2020 ќе ја памети уште долго и тоа по добро и по лошо.

Ренџерс го победи Селтик на гости првпат после 9 години, Џерард полуде од среќа

Стиви Џи не се зафркава. Сериозно е намерачен на Ренџерс да му ја донесе првата шампионска титула уште од 2011-та година колку што ја чека сината армија од Глазгов. Лани го совладаа Селтик на „Ајброкс“ и покажаа дека можат да се носат со ривалот. Сега го добија на гости.

Го видовте ли шкотскиот Ван Бастен?

Во шкотската Премиер лига, Хамилтон лесно, со 0-2 го преслуша Абердин. Џорџ Окли како Ван Бастен на времето го отвори резултатот.

Начинот на кој Ренџерс и Селтик го разбираат фер-плејот

Првпат после цели 13 натпревари Ренџерс успеа да го победи најголемиот и најомразен ривал Селтик со 1-0 со голот на Рајан Џек. Последна победа во првенството им беше во март 2012, а последен пат надвор од регуларните 90 минути, на пенали победија лани во 2016 во полуфиналето од купот на Шкотска. Сега имаат исто бодови на врвот но Селтик има меч помалку.

Мастер класа на Џерард на прес-конференција, Мурињо да учи

Самостојната тренерска кариера на Стивен Џерард трае околу пола година, но Стиви е неверојатно ладнокрвен на прес конференциите. Како да има 30 години тренерска кариера.

Добро судијава свесно го поништи голов?

На толку судии и технологии, во шкотскиот второлигашки фудбал се случи најсрамното поништување на апсолутно регуларен гол кој се гледа од Марс. Топката влезе во гол, мрежата се стресе, играчите славеа, а линискиот судија му сугерираше на главниот да го поништи и да досуди аут. Замислете голов да го чекате за добивка? 

Како Глазгов Ренџерс се врати од пеколот?

Спасот на Ренџерс не е чудо, туку пример за тоа како некои прави вредности во фудбалот на крајот победуваат. Шкотскиот клуб вечерва во првиот меч од плејофот за Лига Европа ќе игра против рускиот клуб УФА на својот „Ајброкс“ со цел да се врати во еврокуповите.

Олд скул фудбалот е жив

На мечот Хартс - Селтик, Одсон Едуар тргна по една топка во публиката, а таму едно дете нè врати во 90’ години на британскиот фудбал. Среќа не беше Кантона. Во друга случка на истиот натпревар Стив Нејсмит од Хартс намерно го згазна на незгодно место капитенот на Селтик Скот Браун.

Уште едно лудо Old Firm дерби во Глазгов

Во неделата се одигра еден од најжестоките дерби дуели на светот. Градската битка за Глазгов меѓу Ренџерс и Селтик. „Келтите“ славеа 2:3 после неколку пресврти а во 87. минута напаѓачот на Ренџерс Алфредо Морељос промаши чудесија од шанса за 3:3.

Од крајност во крајност во шкотскиот фудбал

Колку е досаден на теренот, шкотскиот фудбал толку е интересен на трибините. Така за време на мечот Гринок Мортон - Сент Мирен, гостинскиот дефанзивец од Кипар Стеиос Деметриу од трибините го погодија со чоколадце кое си го изеде. Во исто време бизарна ситуација на мечот Данфермлајн - Фалкирк во шкотскиот Чемпионшип, каде гостинските навивачи фрлаа протетички очи кон фудбалерот на домашните Дин Шилс на кој во 2006. година на 18 години му извадиле едно око.

Селтик цел живот игра во зелени, сега му дале розеви дресови

Летово најпопуларниот шкотски клуб ги претстави трите комплети опрема произведена од New Balance за сезоната 2017-2018 - и сите три варијанти беа зелени што нема речиси ниеден клуб во Европа.

За гол на годината во Шкотска, одма да го прогласите

Детево игра во младинска шкотска лига и сега не е важно како се вика. Изгледа ќе дознаеме во иднина кога ќе го видиме во дрес на Реал, Барса или Баерн Минхен и се разбира како лидер на репрезентацијата на Шкотска.

Како Алекс Фергусон и Абердин завладеаа со Европа

Абердин е во одлична форма и е на само бод од лидерот Селтик во шкотската лига. Сезонава потсеќа на онаа од 1983/84-та кога Абердин освоил три големи трофеи под водство на Алекс Фергусон.